Наредна недела публиката во 3Д Кино Битола ќе има можност да ги погледне некои од нагледаните и најочекуваните филмски наслови на годината, кои носат возбудливи приказни, акција, хумор, анимација и неизвесност за сите генерации.
На големото платно ќе се прикажуваат:
- „Денот на разоткривање“ –Новиот научнофантастичен спектакл, во режија на Стивен Спилберг, кој отвора прашања за најголемите тајни на човештвото.
- „Страшен филм“ – враќање на култната комедија која на препознатлив начин ги пародира најголемите хорор хитови.
- „Мајкл“ – долгочекуваната филмска приказна за животот и кариерата на легендарниот Мајкл Џексон.
- „Супердевојка“ – новото поглавје од DC универзумот кое ја носи приказната за Кара Зор-Ел на големото платно.
- „Приказна за играчките“ – омилените ликови се враќаат во нова авантура која ќе ги воодушеви и децата и возрасните.
- „Опсесија“ – Најгледаниот хорор филм исполнет со напнатост, мистерија и неочекувани пресврти.