Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

43 години од раѓањето на музичката легенда: Најубавите мисли на Тоше Проески за животот

admin 25/01/2024 00:00
FotoJet-2024-01-25T101247.825

„Нема ѕвезди, освен оние на небото. Јас само си ја работам својата работа, а тоа што сум популарен само ме прави успешен“.

На денешен ден, пред 43 години, е роден македонскиот пејач Тоше Проески, човекот што беше синоним за добрина, човекољубивост и ангелски глас. Иако имаше само 26 години кога нè напушти во 2007 година, Проески постигна толку многу во својата музичка кариера и, најважно од сѐ, нѐ сакаше сите, а и ние го сакавме него.

Иако не се фалеше за своите добри дела, оние на кои им помогна и ден-денес се благодарни за неговата хуманост. А, таквите убави приказни се многубројни.

Таков беше и неговиот последен хуманитарен концерт под мотото „Образованието е одговорност на на сите“ на Градскиот стадион во Скопје, денешна Национална арена „Тоше Проески“. Парите од билетите, кои чинеа симболични 200 денари, беа донирани за петгодишниот проект за основно образование финансиран од УСАИД. Со нив беа реновирани околу 100 училишта во Македонија и беа значаен придонес за спроведување на образовните реформи.

На овој ден, сакаме да се потсетиме на неговите размислувања за животот, со кои своевремено ја покажуваше својата длабочина и мудрост.

За богатството
„Мене ми е незамисливо кога некој што може да им даде нешто на оние што имаат малку или ништо, ги затвора очите и не им подава рака. Низ годините, јас научив да се однесувам како некои луѓе што ми помагаа кога моето семејство беше сиромашно. Се трудам да им помагам на сите блиски колку што можам, дури и на оние што не ми се ништо. Затоа сум амбасадор на УНИЦЕФ. Живеам одлично, како и порано, и повеќе од тоа не ми треба. Јас бев најсреќен кога му купив автомобил на татко ми. Се вратив од турнеја и не купив за себе, туку купив за него!“

За пријателите
„Мојата кариера многу ми помогна да ги препознаам вистинските и лажните пријатели. Оние што ми беа вистински пријатели останаа покрај мене и кога работите не беа толку одлични во мојот живот и во кариерата, а во тој момент периодично исчезнуваа другите, но не знаеја дека тој период ќе трае пократко од нив“.

За славата
„Целта на мојот живот не е кариера, туку контактот со луѓето, можноста да разменам енергија со нив. Сакам позитивно да влијаам на сите околу мене, тоа е мојата мисија. Никогаш нема да си речам: ‘Браво’. Правам нешто што го сакам, но никогаш не сум воодушевен. Често наоѓам маани, но тоа е дел од мојата работа. Не се идеализирам себеси, ниту кој било друг пејач. Можам само да ги ценам моите колеги. Мојот единствен идол е Бог, а сите други луѓе си ја вршат работата добро или малку полошо. Нема ѕвезди, освен оние на небото. Јас само си ја работам својата работа, а тоа што сум популарен само ме прави успешен“.

За жените
„Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж, во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува како најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го потрошил залудно“.

За Бога
„Верувам во Господ и можам само да му се заблагодарам за дарот што го имам, бидејќи тоа што го работам го сметам за мисија што тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета. Исус беше распнат за луѓето. Луѓе блиски до себе. И денес добрите и успешните луѓе се распнати од блиските. На сите ни се случува. И мене. Но, не сум разочаран. Напротив, мислам дека тоа е во човечката природа. Се обидувам да им дадам до знаење дека не треба да го следиме примерот на луѓето што го предадоа Исус. А квалитетните луѓе, луѓето што отскокнуваат, се распнати. Уметници, спортисти… Чекаме прво да станат познати во светот, па дури потоа овде признаваме дека се навистина нешто посебно. Тоа се случува редовно“.

Continue Reading

Претходно: „Луфтханза“ ги намалува летовите до Скопје и други дестинации во регионот
Следно: Ковачевски лично ја достави оставката до Собранието, попладнево се очекува оставката од претседателот на Собранието

Поврзани вести

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања Screenshot_20260813_070838_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

13/08/2026 05:10
Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10
Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 3
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 4
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 5
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани