ФК Пелистер предводен од новиот претседател, Димитар Митревски ги екипира зелено-белите редови и секојдневно враќа или носи играчи со искуство или исто така кои добро го познаваат битолскиот терен. Во текот на денешниот ден раководството на клубот и официјално објави дека во своите редови го враќа битолчанецот, Петар Љамчевски, како и Јорданчо Наумоски и Симеон Христов се повратници, во ФК Пелистер.
Добредојдовте назад, во Пелистер, во Битола!
Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски се повратници, односно нови фудбалери на Пелистер. – стои во објавата на социјалните мрежи на битолскиот клуб.

