Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

44 години Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

admin 26/04/2023 00:00
image5-18-960x1280-1

Со музиката на унгарскиот великан Франц Лист и делото за пијано „Легенда – Свети Фрањо оди по брановите” во изведба на наградуваниот млад пијанист Арсениј Ангелевски од Државното музичко училиште во Битола, започна свечениот старт на прославата посветена на оваа значајна годишнина на УКЛО.

44 години се број во кој знаење вградиле или презеле личности чии имиња и презимиња значат дома и надвор и во академските кругови и во практикување на наученото.

Паралелно со неколку настани посветени на годишнината, течеше и целодневниот Отворен ден, под наслов УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ кој беше посветен на промоција на студиските програми, условите, можностите за мобилност, актуелни проекти и лаборатории кои студентите ги имаат на располагање.

Денот на основањето на нашиот Универзитет го празнуваме со отворени врати, со Отворен ден на УКЛО, но и Ден на УКЛО и пријателите, бидејќи УКЛО е Битола, но УКЛО е и повеќе од Битола.

Универзитетот има свои единици во шест други градови и затоа на овој ден ја имаме пред сѐ нашата Општина Битола како стратешки партнер, го имаме бизнис секторот и невладиниот сектор, претставници од Владата и од МОН: министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска и раководителот на Секторот за високо образование Ахмед Ќазими.

Со ова покажуваме дека имаме многу поддржувачи, дека имаме пријатели, бидејќи образованието и науката ако функционираат сами за себе ја губат својата смисла.

Ние сме тука како Универзитет да се грижиме за јавниот интерес на нашата држава, општините во кои делуваме, пред сѐ општина Битола како главно јадро.

Нашата најголема мисија денес е задржување на младите во своите родни градови, не само преку миграцијата во странство, туку и внатрешната миграција кон главниот град.

На тој начин сакаме да овозможиме просперитет на нашите општини, во нашиот регион, истакна Ректорот проф. д-р Игор Неделковски во обраќањето.

Ректорот на УКЛО со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски потпишаа меморандум за реализација на Универзитетска летна пракса, заеднички и значаен проект со којшто студенти од УКЛО ќе остваруваат платена пракса во институции од надлежност на Општина Битола, а на настанот беа промовирани првите избрани студенти кои во текот на летото ќе учат практично.

Успешноста во едно општество се создава само преку заедничко делување на сите релевантни фактори кои имаат за цел да изградат здрави, едуцирани личности, за потоа токму тие млади луѓе да бидат движечка сила за успешната иднина на местото во кое живееме, за иднината на нашиот град. Токму денешниот настан, претставува едно вмрежување на младоста, искуството, иновативноста, креативноста со можностите и перспективите за напредок, истакна градоначалникот Коњановски пред присутните.

На Отворениот ден на УКЛО се обрати и Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска чија кариера како универзитетски професор е токму на УКЛО.

„Чест ми е што денеска стојам пред вас и како професорка по англиски јазик на УКЛО и како министерка за култура. Задоволство ми е да ви пожелам добредојде на Отворениот ден на Универзитетот, кој ветува дека ќе биде настан за паметење под мотото „Нови перспективи“. Овој настан е одличен пример за партиципативен пристап и активно партнерство кое обезбедува средина за поддржување на младите и студентите да останат во Битола и да ги направат своите вештини достапни за локалната заедница”- истакна министерката во својот говор.

Пријателите на УКЛО од реалниот сектор, меѓу кои компанијата БИМИЛК Млекара АД Битола која додели уписнини за студентите на УКЛО, а Регионалната стопанска комора донираше електричен велосипед, со потпишување на меморандумите за соработка беа врачени овие вредни донации, а и промовирани заложбите за континуирана мотивација и конкретна поддршка на овој универзитет.

Во спектарот активности на Отворениот ден на УКЛО, промовиран е уште еден значаен проект – УКЛО Мрежа. Потпишани се меморандуми за соработка со дел Преда Плус Фондацијата и МКЦ Битола.

Настанот опфати презентација на неколку програми: МКЦ – Битола во соработка со Агенција за вработување и Регионална комора Битола организираа поврзување на бизнис заедницата со невработени лица. Над 20 компании понудија 100-на работни позиции за различни профили.

Преда Плус Фондацијата претстави програма за поддршка на стратапи во AgriTech iTourTech, соодветна за иновативна стартап идеја за поттикнување иновации во земјоделско-прехранбената индустрија и одржливиот туризам.

Во текот на целиот ден се одвиваше и богата музичка програма која ги задржа матурантите и студентите на платото пред Офицерски дом во Битола.

Continue Reading

Претходно: Снег на Попова Шапка и во Лазарополе
Следно: Темното чоколадо помага за побрз метаболизам

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани