Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Филм

46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-26 септември: Семих Капланоглу е добитник на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност

Шеталиште 23/07/2025 11:34
Semih Kaplanoglu_Portre_r1

На 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ лауреат на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е турскиот филмски режисер, Семих Капланоглу.

–Капланоглу е еден од најуспешните и највлијателни режисери во турската кинематографија, кој има добиено 28 меѓународни награди и 10 номинации низ целиот свет. Дебитираше во 2001 година со „Далеку од дома“, за кој ја добива наградата за најдобар режисер на Сингапурскиот филмски фестивал. Во 2005 година, неговиот втор игран филм „Падот на ангелот“,  имаше светска премиера на Берлинале Форум и доби награда за најдобар филм во Нант, а неговиот трет игран филм „Јајце“, кој премиерно беше прикажан во 2007 година на Канскиот филмски фестивал доби 30 награди. Овој филм беше првиот дел од „Трилогијата Јусуф“ што го направи Семих Капланоглу светски познат како режисер. Во 2008 година, филмот „Млеко“ премиерно беше прикажан во официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал, а потоа и на низа други фестивали ширум светот и му донесе повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ја и наградата на ФИПРЕСЦИ на фестивалот во Истанбул.

За „Мед“, третиот дел од „Трилогијата Јусуф“, добива „Златна мечка“ на 60, издание на фестивалот во Берлин, соопшти денеска директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Потенцираше дека ни претстои едно возбудливо, квалитетно и богато фестивалско издание.

-Остануваат официјалната програма Камера 300 со која ќе се отвори фестивалот на 20 септември во Битола, кратката програма, документарната програма, студентската програма, а годинава е враќа и макпоинт програмата во која ќе се прикажуваат филмови од македонската продукција. Досега се најавени голем број гости од земјава и странство, врвни уметници, филмски автори кои ќе ја збогатат програмата и ќе учествуваат директно во филмските работилници, мастеркласовите и пропратната програма на фестивалот, рече Доксевски.

Селекторот на главната компетиција, Слаѓан Пенев информираше дека со македонски филмови ќе се отвори и ќе се затвори фестивалот.

-Во главната програма ќе прикажеме филмови од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, Торонто, Локарно итн. Денеска сакам да најавам два македонски филмови кои ќе бидат прикажани во главната програма Камера 300. Филмот на Теона Митевска, „Мајка“ ќе го отвори овогодинешното 46, издание на ИФФК „Браќа Манаки“, каде директорка на фотографија е долгогодишната соработничка на Теона Митевска, Виржини Сент-Мартан од Белгија. Сент-Мартан досега со свои филмови учествувала на неколку изданија во главната програма на ИФФК „Браќа Манаки“ има два пати освоено Сребрена Камера 300. Ќе го откријам и филмот со кој ќе биде затворен фестивалот, а тоа е македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, кој досега веќе постигна голем успех на светските фестивали, и доби две награди на „Санденс“ фестивалот, информираше Пенев.

Continue Reading

Претходно: Танец во Битола – кога сцената станува огниште на традицијата
Следно: Ексклузивно изненадување од p2p.mk за сите фанови на Next Time!

Поврзани вести

825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
59d91c01eb818b0eeaf78bde4952ed5a
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„FOREIGN TONGUE“ НА БОРИС МОЈСОВСКИ СИНОЌА ОСВОИ „SPIRIT OF CINEMA“ ВО ГЕРМАНИЈА, А УТРЕ ФИЛМОТ Е ПРЕД ПУБЛИКАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Шеталиште 21/09/2026 18:19
IMG_6590
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Филм

Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 19/09/2026 23:17
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 3
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 4
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 5
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани