СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(48) од с.Пресил, битолско за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 10.12.2025 во с.Житоше, прилепско, пријавениот упатил закани по животот на едно лице, а на 11.12.2025 при извршен претрес кај пријавениот, била пронајдена и одземена воздушна пушка и муниција.

