Во општина Могила започна 48-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал, еден од најстарите и најпосетуваните спортски настани од овој вид во регионот, а и во Македонија.
Турнирот претставува повеќе од спортски натпревар бидејќи тој е длабоко вкоренет дел од локалната традиција и спортскиот идентитет на заедницата.
Со учество на екипи од различни делови на регионот, турнирот повторно ја обединува страста кон играта, другарството и спортскиот дух.
Настанот привлекува голем број љубители на спортот, кои со аплаузи и поддршка ја создаваат уникатната атмосфера што го карактеризира турнирот во Могила.
Градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, покана до сите граѓани да бидат дел од овие возбудливи натпревари, каде што ќе преовладува фер-плеј и позитивна енергија.
Турнирот во Могила и годинава ја потврдува својата важна улога во промовирањето на спортот и одржувањето на локалната традиција.
Фото: Општина Могила

