Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

„5+ фамилија“ ги воодушеви најмладите на „Бит Фест“, а „Културен Хорологион“ потсети на почетоците на детскиот театар во Битола

Шеталиште 04/08/2026 07:35
SAS_1780

Битолското културно лето продолжи во знакот на детската радост, музиката и театарската традиција. Пред Офицерскиот дом, актерите од култната серија „5+ фамилија“, која со години е препознатлива како пионер во неформалното образование на децата во Македонија, приредија незаборавна вечер за најмладите посетители.

Децата, заедно со своите родители, баби и дедовци, уживаа во изведбата на најпознатите песни и хитови од серијата, која низ забавни содржини и денес ги пренесува вредностите на пријателството, добрината, почитта и заедништвото. Како што истакнаа актерите, „5+ фамилија“ и понатаму има мисија да ги учи децата како да бидат подобри луѓе и подобри другари.

Во рамките на „Бит Фест“, се одржа и уште едно издание на културниот претчас „Културен Хорологион“, предводен од проф. д-р Марјан Танушевски. Присутните имаа можност да се запознаат со богатата историја на детскиот театар во Битола и да дознаат повеќе за неговите почетоци.

Танушевски потсети дека првата театарска претстава за деца во Битола била едночинката „Итра лисица среде стапица“, изведена во 1947 година, додека првата куклена претстава „Силјан Штркот“ била поставена во 1948 година. И двете претстави биле режирани од легендарниот Петре Прличко, оставајќи значаен белег во развојот на македонскиот детски театар.

Со ваквите содржини, „БитФест“ продолжува успешно да ги спојува забавата, културата и образованието, нудејќи програма која привлекува публика од сите генерации.

Фотографии: Сашо Ставрев

Continue Reading

Претходно: Американски сојузни држави го тужат Трамп поради новите царини за 59 земји и Европската Унија
Следно: Од полноќ поевтинуваат бензините, дизелот поскапува за еден денар

Поврзани вести

DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
tkajaci-na-film
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 12/08/2026 07:43
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 1
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 2
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 3
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 4
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36
МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 5
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
img_7182-1024x576
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

Шеталиште 14/08/2026 10:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани