НАЈНОВО

ВестиПрилеп инфо

50 рачни бомби од Првата светска војна пронајдени во двор во прилепско Канатларци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во двор во селото Канатларци, Прилеп, пронајдени се 50 рачни бомби од Првата светска војна.

„На 23.03.2023 во 13.40 во СВР Битола, Б.И.(30) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека при изведување на градежни работи во неговиот двор во с.Канатларци пронашол 50 рачни бомби од италијанско производство кои потекнувале од Првата светска војна“, стои во билтенот на МВР.

Како што појаснуваат бомбите веќе се подигнати од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

Поврзани новости