Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

6 вечерни навики со кои драстично ќе го подобрите квалитетот на вашиот сон

admin 06/03/2023 00:00
spienje.preview-1

Кои се вашите навики и ритуали секоја вечер пред спиење? Можеби се туширате, пишувате, слушате музика или седите на социјалните мрежи. Кои од овие навики треба да ги избегнувате, а кои да ги вметнете во вечерната рутина за поквалитетен сон?

Здравиот сон е исклучително важен за менталното и физичко здравје. Додека спиеме, нашето тело лачи хормони кои влијаат на расположението, помнењето и концентрацијата. Сепак, подолгото спиење не значи и поквалитетно спиење.

Подеднакво се важни навиките пред заспивање, кои секогаш можат да се подобрат со цел да се одржи физичкото, менталното и емоционалното здравје, како и да се обезбеди доволно енергија за справување со случувањата во наредниот ден.

Како да воспоставите здрави вечерни навики?
1. Константност во времето на будење и заспивање
Секојдневното будење и заспивање во приближно исто време е важно за квалитетен сон. Најдобар начин е слушање на сопственото тело бидејќи секој од нас има внатрешен часовник.

Биоритамот може да се разликува од човек до човек – некои луѓе подобро функционираат во подоцнежните часови, додека некои се ранобудници. Следете ги знаците кои ви ги дава телото.

2. Внимавајте што консумирате пред спиење
Не се препорачуваат тешки оброци пред спиење бидејќи можат да се јават дигестивни проблеми.

Воедно, не се препорачуваат стимуланси како кофеин кои го возбудуваат нервниот систем.

Алкохолот пак, иако предизвикува побрзо заспивање, сепак го нарушува сонот во втората половина од вечерта, кога телото почнува да го обработува, со што се будите побрзо.

3. Спалната соба претворете ја во пријатна средина
Важни се удобноста на перницата, душекот и креветот. Обидете се да ги отстраните сите звуци, а доколку не можете да спиете во потполна тишина, може да се опуштите со слушање звуци како дожд или музика за медитација.

Истото се однесува и на светлата – исклучете ги сите уреди и спијте во потполна темница. Оптимална температура за спиење е од 15 до 20 степени.

4. Ограничете го времето кое го поминувате пред екран
Изложеноста на светлината која доаѓа од разни видови екрани – телефон, компјутер или телевизор – има негативно влијание врз биоритамот со тоа што му праќа сигнал на мозокот дека е ден.

Дополнителен фактор е стресот кој доаѓа од разни пораки, мејлови, известувања и слично.

Обидете се барем половина час пред да заминете во кревет да се изолирате од овие уреди, а во текот на спиењето да ги изгасите сите звуци и вибрации.

5. Воспоставете личен ритуал пред заспивање
Одвојувањето време само за себе и размислувањето за денот е важно за менталното здравје. Со практикувањето активности кои ве опуштаат, ги подготвувате телото и умот за спиење.

Тоа може да биде пишување дневник, туширање, длабоко дишење, медитација, читање…

6. Практикувајте лесна физичка активност
Вежбањето го одржува целокупното здравје, го зголемува имунитетот и го подобрува квалитетот на сонот.

Сепак, внимавајте на изборот на физичката активност во вечерните часови – не треба да вежбате напорно.

Вежбите како јога се најдобри за опуштање пред спиење.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (06.03.2023)
Следно: ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со умерен јужен ветер

Поврзани вести

sladoled-so-lesnici
  • Занимливости

Сметка од 44 евра за два сладоледа предизвика широка дебата за туристичките цени во Рим

Шеталиште 08/06/2026 09:25
TOM_7726
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.06.2026)

Шеталиште 06/06/2026 15:08
20260603083556_big_730x400_16
  • Занимливости

Катедралата во Келн воведува влезница од 12 евра за туристите

Шеталиште 03/06/2026 08:39
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично policija-8 1
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

16/06/2026 06:53
Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме toplo-vreme 2
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

16/06/2026 06:51
Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа berzi-1.jpg 3
  • Економија

Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа

16/06/2026 06:50
Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26
Се зголемува цената на горивата gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

15/06/2026 12:16

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

Шеталиште 16/06/2026 06:53
toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51
berzi-1.jpg
  • Економија

Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа

Шеталиште 16/06/2026 06:50
723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани