НАЈНОВО

UncategorizedБитола инфо

7 години Webiart – Креативност што создава успеси

Викендов, во магичната атмосфера на Ски-центар “Стрежево“, Webiart Creative Agency ја прослави својата 7-годишнина.

Музиката на DJ Herzel и BerryQuat го исполни просторот со опуштени звуци и создаде незаборавна атмосфера, која предизвика позитивно расположение кај сите присутни.

   

“Како маркетинг агенција која секогаш се стреми да биде на врвот на креативноста, решивме нашите 7 години да ги одбележиме на планина со опуштена денска журка. За нас, ова не е само бројка, туку е симбол на сѐ што сме постигнале изминативе години.

Webiart отсекогаш се стреми кон креирање нови, свежи решенија, инспирирање на промени и размислување кое е различно од вообичаеното. Нашата сила лежи во заедничкиот труд, во способноста да создадеме нешто иновативно, софистицирано и уникатно како тим. Кога ги комбинираме нашите различни перспективи и таленти, резултатот е креативен, ефикасен и иновативен. Затоа секој наш проект е изграден со префинетост и стратешка визија.

А денес, го славиме патот до успехот, на висина каде што креативноста нема граници!“ – изјавија од тимот на Webiart.

Забавата беше исполнета со неверојатна енергија и размена на идеи кои го рефлектираат тимскиот дух, успехот и визијата за иднината на оваа маркетинг агенција.

Со ваквиот потег, Webiart потврди дека понекогаш е доволно да имаш едноставна, но моќна идеја и тим кој е целосно посветен, за да се постигне нешто исклучително и интересно.

Ова не беше само прослава, туку и показател на силата на тимската работа и креативноста која не познава граници, кога станува збор за оваа компанија.

 

Поврзани новости