Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Интервју

8 години, 8 прашања: Анатомија на дигиталната креативност со Webiart

Шеталиште 03/02/2026 08:38
WEBIART - NASLOVNA

Во дигитална ера каде вниманието е најскапата валута, вистинската сила не е во гласноста, туку во јасната и паметна комуникација. Современиот дигитален маркетинг се движи помеѓу анализа и емоција, технологија и автентична човечка приказна.

Webiart е компанија што го слуша дигиталниот свет пред да му се обрати, а денес слави осум години работа. Осум години усогласување на визија, податоци и креативна храброст, низ интервјуто со Валерија Дамчевска и Александар Сирета, дел од маркетинг тимот.

  1. Ако WEBIART беше личност, како би ја опишале?

Посветена, организирана и фокусирана на резултати, но никогаш затворена во рутина. Работи паметно и ужива во процесот. Знае кога да биде сериозна, а кога да внесе енергија, хумор и свежина во тимот. Иновативна во пристапот, се смее гласно и креира нови перспективи. 

  1. Кои се трите најзначајни промени што ги забележавте во маркетинг индустријата во изминатите 8 години, и како тие влијаеја на вашиот начин на работа?

Најпрво, со зголемената употреба на дигиталните медиуми и достапноста на податоци, маркетингот стана многу повеќе аналитички ориентиран. Ваквата промена резултираше со data -driven планирање и оптимизирање на кампањите, со што креативноста ги следи податоците, а не обратно. Втора промена е персонализираната содржина според параметри на корисниците. Сега еден корисник очекува дека на социјалните мрежи ќе следи содржина која е релевантна за него лично. Овој дел во маркетингот го измени текот на customer journey, го зголеми степенот на сегментирање на публиката. Денес секоја кампања, објава или било каков креативен формат се фокусира на стимулирање на интеракција и создавање значајно искуство за корисниците. И трето, експлозијата на вертикален видео формат кој трае кратко. Фокусот се стави на динамика, визуелна естетика и привлекување на корисникот во првите неколку секунди.

  1. Доколку вашите 8 години во WEBIART беа филм, која песна би била официјалниот soundtrack?

Don’t stop me now од Queen.

  1. Ако имате 1 минута да му објасните на клиент што ќе биде најважно во дигиталниот маркетинг во 2026 – што би му кажале?

Во 2026 брендовите што комбинираат податоци, човечка приказна и брза адаптација ќе бидат водечки на пазарот. AI го редефинира однесувањето на потрошувачите и автоматизацијата на маркетинг процесите и Gen Z се стреми кон креативно учество во креирањето содржина.

  1. Во 2026, дали ќе биде поважно да си креативен или да си аналитичен – или мора и двете?

Успехот во дигиталниот маркетинг во 2026 зависи од синергијата помеѓу креативното и аналитичкото размислување. Креативноста го создава привлечното искуство и ја ангажира публиката, а со аналитиката се оптимизира секоја кампања за максимален резултат.

  1. Како ја гледаш улогата на AI во креирање контент во 2026 – закана или алатка?

AI во креирање контент во 2026 не е закана, туку моќна алатка, затоа што овозможува автоматизација на рутински задачи, брзо генерирање на идеи и draft содржини и анализира голема количина на податоци. Сепак да разјасниме: AI не може да го замени креативниот процес, но го зголемува капацитетот на маркетинг процесите и резултатите на кампањите. Сите кои се занимаваат со маркетинг сега се ослободени да инвестираат ментална енергија таму каде што е навистина потребна: во стратешкиот дел од маркетингот и во приказната на брендовите. Клучниот импакт од ова олеснување е внесувањето на автентичноста која ниту еден алгоритам не може да ја репродуцира.

  1. По 8 години искуство, што е поважно: брзо следење трендови или градење сопствен бренд?

Следењето на трендовите обезбедува релевантност денес, додека градењето на уникатен стил гарантира препознатливост утре. Најуспешните кампањи ги користат трендовите како медиум, но го одржуваат јасниот и непогрешлив глас на брендот. Не станува збор за избор „или-или“ – трендот е адаптација со идентитет. Знаеш кога да го следиш трендот, додека брендот ја задржува својата јасна порака.

  1. Ако следните 8 години треба да се опишат со една реченица, каква би сакале да биде таа?

Webiart ера на дигитална алхемија – каде AI, креативноста и човечкиот допир се спојуваат во кампањи што не само што ги следат трендовите, туку ги креираат.

Continue Reading

Претходно: Ги запознаваме ретките болести: Синдром Охтахара
Следно: Денес се празнува Преподобен Максим Исповедник

Поврзани вести

Screenshot_20251221_235107_Gallery
  • Вести
  • Забава
  • Интервју
  • Патувањa

Битолчанката која неколку пати ја посетила Аргентина и лудото Суперкласико за кое сите сонуваат

Димитар Петковски 21/12/2025 22:56
IMG_7732
  • Интервју

Од ноќни стравови до чудесна приказна: новата сликовница на Зорица Николовска

Шеталиште 01/12/2025 14:27
IMG_0718-2
  • Интервју

Иван Дургутов: Младите се силата што може повторно да ја оживее демократијата

Шеталиште 10/11/2025 15:30
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 1
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 2
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 3
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19
Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши venko-filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

16/02/2026 15:18
Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата venko 5
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата

16/02/2026 15:17

Можеби сте пропуштиле

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
venko-filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

Шеталиште 16/02/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани