НАЈНОВО

Битола инфо

MINТ Fintech Group – Сребрен партнер на ИФК Браќа Манаки

MINТ Fintech Group со гордост објавува дека е сребрен партнер на 45-то издание на престижниот Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки.

Овој значаен
настан, кој ја слави уметноста и визионерството во светот на кинематографијата, претставува платформа на која креативноста и иновациите одат рака под рака.

Како компанија што ја става иновацијата и технолошкиот развој во фокус, MINТ Fintech Group
верува во поддршката на културните и уметничките иницијативи што го збогатуваат општеството. Нашата посветеност на финансиските иновации и современите технолошки решенија се одразува и во нашето партнерство со фестивалот, кој ја истакнува важноста на инспирацијата зад секој филмски кадар.

MINТ Fintech Group гордо го поддржува креативниот процес на филмската индустрија и продолжува да гради мостови меѓу финансиските иновации и уметноста.

Поврзани новости