Прилеп инфо

Aдреналинско шоу синоќа во центарот на Прилеп: Стотици мотори, одлична музичка програма, туркање со раце и моторџии од сите страни на Македонија

После 2 години пауза во Прилеп се одржа Мото фестивалот, кој синоќа пред камената бина на плоштадот “Александрија” собра моторџии од цела Македонија, но и од соседните држави.

Организатор на настанот беше мото клубот “Рисови” од Прилеп, а организацијата беше беспрекорна. На настанот му претходеше моторџиско дефиле, а потоа следуваше одлична музичка понуда со настапите на Crossroad Blues Band и Five Wire.

Прилепчани имаа можност да се фотографираат со различни модели на моторцикли, да проследат туркање со раце и да се дружат и да уживаат во едно одлично адреналинско шоу, што несомнено недостасуваше.

 

 

 

 

 

Фото:Маркукуле

Поврзани новости