Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава

Brass Brothers: ‘We Are Energy’ – Нова енергична музичка нумера што ја пренесува силата на позитивната енергија

admin 28/07/2023 00:00
Screenshot_20230728_132013_YouTube

“Музичката атракција Brass Brothers првата деценија од своето постоење ја заокружува со новата песна ‘We Are Energy’ која претставува подарок за публиката и најава за истоимениот втор албум.

Нумерата ‘We Are Energy’, е химната на бендот, со мелодија и текст кои најсуштински го вокализираат сето она што момците го носат во себе и го предаваат на сцената. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна.
‘We Are Energy’ е одличен потсетник дека сите сме поврзани преку енергијата што ја носиме во себе, дека сме дел од нешто поголемо, дека имаме бескраен потенцијал во себе и дека секој од нас може да го промени светот на подобро.
А замислете колкава промена можеме да направиме кога ќе ги сплотиме нашите возвишени енергии и ќе ги насочиме кон убави нешта.
Момците успеваат да го доловат ова на секој нивен настап. Со нивниот виртуозен стил на интеракција, кој ја вовлекува и публиката во нивната музичка приказна, тие ослободуваат уникатна животна енергија која не инспирира да го живееме животот без стеги стравови и ограничувања.

‘We Are Energy’ е нивната благодарница до публиката, која на секој настап, со отворени срца ја восприема музиката, позитивната енергија, љубовта и спонтано станува дел од нивната музичка магија.
Музиката и аранжманот на “We Are Energy” е дело на Горан Мицевски Кус, фронтменот и тромбонистот на Brass Brothers.
Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 10 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Јован Мартиновски (Dj) и Ник де Карло (туба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот.

Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена, пред се поради специфичната комбинација од брасс секција и динамичен звук. Зад себе ги имаат авторските нумери како “Време Невреме” на македонски јазик, како и петте музички нумери “Balkan Mayhem”, “Winner”, “The Spark”, “Inseparable” и “Take My Hand” од првиот албум на англиски јазик “Balkan Mayhem”.

Албумот “Balkan Mayhem” претставува извонредно креативен спој на македонската и балканската музичка традиција и свежи звуци и модерни елементи. Со овој енергичен албум, Brass Brothers создадоа уникатен звук и испратија моќна порака до својата публика од целиот свет.

Со вториот албум “We Are Energy”, Brass Brothers ќе продолжат да го развиваат својот уникатен стил но ќе донесат и многу нови експериментални креации кои несомнено ќе ја освежат домашната но и светската музика сцена.

Нивната музика е достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници.

Continue Reading

Претходно: Вечер на староградска музика и игра на „Илинденски денови“ во Битола
Следно: Почина македонскиот композитор Кире Костов

Поврзани вести

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12
zlato
  • Забава
  • Занимливости

Дури 99,999 отсто од златото се наоѓаат во јадрото на Земјата – но, не можеме да стигнеме до него

Шеталиште 11/09/2026 07:45
soncev-sistem
  • Забава
  • Занимливости

Меркур можеби се намалил значително повеќе во својата историја отколку што досега се веруваше

Шеталиште 11/09/2026 07:43
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани