Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Fashion Weekend Skopje 31: Модата како јазик на промените

Шеталиште 09/10/2025 18:22
Fashion Week Skopje

Скопје повторно ќе биде на мапата на регионалната модна сцена со концепт што не само што прикажува стил, туку го редефинира.

Од 29 октомври до 5 ноември 2025, градот ќе го живее 31-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank – најзначајната модна платформа во земјата, која повеќе од една деценија го поврзува светот на дизајнот, индустријата и културата.

Под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“, оваа сезона ја отвора дискусијата за модата како јазик на промените – општествени, културни и еколошки.

Со поддршка на Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, и со УНИБанка како генерален партнер, FWSK 31 ја нагласува моќта на модата да создава вредности, да менува навики и да гради култура на одржливост.

Одржливост во акција

Изданието започнува со едукативни активности и креативни работилници каде одржливоста се претвора во лично искуство.

Во Центарот за поправки „Ништо ново“ (АРНО), дизајнерката Ирина Тошева и тимот на „Ништо ново“ ќе ја водат работилницата „Од стара облека до уникатен моден додаток“, посветена на повторната употреба и вториот живот на материјалите.

Следниот ден, фокусот се сели во Македонско Етно село, каде Изабела Соколовска од Еснаф Хендмејд ќе ги менторира младите креатори во интерактивните работилници „Нишки од природата“, поддржани од Green Land Group – симболично спојувајќи го занаетчиството со современата еко-свест.

Главен моден викенд: иновации, одговорност и визија

Главниот викенд (31.10–02.11) во Diamond of Skopje, Carat Office ќе биде обележан со панел-дискусии и ревии во рамки на европскиот проект MISSION4WATER, посветени на иновациите и одржливоста.

На панелите ќе се зборува за микропластиката, новите технологии и улогата на модата во зелениот развој. Ќе биде презентиран и проектот GREEN and SUSTAINABLE FASHION – The Nordic-Baltic Story, организиран од Нордиските амбасади на Западен Балкан.

Дизајнерката Ирина Тошева ќе го претстави проектот „Социјална одржливост и овластување преку дизајн“, создаден во соработка со женскиот затвор КПУ „Идризово“.

Викендот ќе кулминира со презентацијата на глобалното движење bodyright, под покровителство на UNFPA, кое го крева гласот за борба против насилство врз жени и девојки во дигиталниот простор и повикува на почитување, автономија и застапеност на секое тело во онлајн светот.

Ревијата „The Bodyright – Own Your Body Online“, во копродукција на Ангела Бикова, Карол Фариас (SICModa) и Палома Гарсија Лопез (Circular Sustainable Fashion Week Madrid), ќе биде реализирана со поддршка на Амбасадата на Шпанија, UNFPA – United Nations Population Fund, Македонското модно здружение и Eptisa, редефинирајќи ги поимите за убавина, способност и сопственост во дигиталната ера.

Модни ревии и нова генерација

Модната програма продолжува со ревиите на Мирјана Јосифоска, Марија Пољакова и Miss Mila, кои внесуваат урбана енергија и женствена елеганција. GEORGIYA ќе ја претстави својата колекција „Season III“, поддржана од ZIA Jewelry.

Следуваат студентските ревии на Академија за моден дизајн СКАЛА и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, со талентирани студенти: Алејна Мамути, Арбеса Абази, Фикрије Мема, Јета Морина, Мартина Андреевска и Назлишах Тхаќи.

Вечерната програма ја заокружуваат настапите на Дешира Кахримани, A2 Atelier и Minnimal.

Во сабота, 1 ноември, UNIBank – генерален партнер на 31-то издание на Fashion Weekend Skopje – ќе биде домаќин на ексклузивен прием во рамките на настанот, каде ќе ја претстави својата world debit премиум картичка инспирирана од современиот животен стил.

Во неделата, SIEC ќе ја отвори темата „Модна слобода: Стоп за задевање“, по што следуваат ревиите на Ева Таневска, Anu Handmade, Son of Salome и Олгица Ѓоргиева.

Мода и занаетчиство: етика, традиција и општествена одговорност

Последните денови на фестивалот носат проектот „Fashion & Craftsmanship“ – изложба и поп-ап колекции создадени во соработка меѓу дизајнери и занаетчии, како и Модната аукција, организирана од КОНЕКТ и FWSK, под покровителство на Амбасадата на Франција. Темата „Мода и занаетчиство – колаборации помеѓу дизајнери и занаетчии“ ја потенцира врската меѓу традицијата и современоста. Средствата од аукцијата ќе бидат наменети за фондот на КОНЕКТ, за поддршка на граѓански организации што работат на достоинствена работа, образование и инклузија – уште една потврда дека модата може да биде чин на општествена одговорност.

Во аукцијата ќе учествуваат водечките имиња на македонската модна сцена: Никола Булески, Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Изет Цури, Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, Силвија Михајловска (Алшар), Катерина Тошева, MilkDesign, Terziya, “Be.”, Снежана Ефковска, Ивана Груевска, Радмила Давидовиќ Настев, Еснаф, Александар Стојанов – Зорин, Народни Носии и Marcy’s Handmade.

Со своето 31-во издание, Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank уште еднаш ја потврдува улогата на модна авангарда во регионот – платформа што не само што ги претставува колекциите, туку ги отвора и најважните разговори за одржливост, иновации и културна меморија.

Оваа есен, FWSK повторно ја потврдува својата мисија: дека модата не е само календар на ревии, туку движење што покажува дека може да биде и економија и естетика, индустрија и хуманост, визија и традиција.

Момент кога креативноста добива своја социјална функција, а сцената станува место каде стилот и свеста се среќаваат – под светлата на подиумот, но и во срцето на културата.

Партнери и поддржувачи

31-та сезона на Моден Викенд Скопје ја реализира Македонското модно здружение под слоганот: „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена.“ Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, како проект од национален интерес во културата, со цел поттикнување на развојот на креативните индустрии во 2025 година.

Генерален партнер: UNIBank – поддржувач на визијата за мода што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на заедницата.

Главна локација: Diamond of Skopje, Carat Office – модна лабораторија каде се спојуваат традицијата и иднината.

Партнери:

Perwoll – повеќе од 60 години грижа за ткаенините: „Исто како ново! За три пати подолг век на вашата облека – Первол Renew.”

Martimex – ексклузивни парфеми што ја дефинираат сезоната.

Pierre Cardin во соработка со СУГС „Димитар Влахов“ – официјален партнер за шминка.

Проектни партнери: Eptisa, Green Land Group, Sax London Dry Gin, Fantinel, Johnnie Walker, Tanqueray London Dry, Caffe Musetti, Пелистерка, Венеција мебел Прилеп, Bliss Palace Hotel&Spa, Аманти паста.

Целосната програма е достапна ТУКА.

Continue Reading

Претходно: Денови на македонското пчеларство во Прилеп и Битола
Следно: Вештачката интелигенција доаѓа во Скопје – и носи револуција!

Поврзани вести

1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
mint_kredit_
  • Промо

Есенски денови и нови можности со Минт Кредит

Шеталиште 02/10/2026 11:17
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 1
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 2
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 3
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 4
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата Granica-768x432-1 5
  • Македонија

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

09/10/2026 07:06

Можеби сте пропуштиле

1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56
20261009094626_big_730x400_98
  • Рецепти

Оризова пита со јаболка и младо сирење

Шеталиште 09/10/2026 07:55

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани