Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„FOREIGN TONGUE“ НА БОРИС МОЈСОВСКИ СИНОЌА ОСВОИ „SPIRIT OF CINEMA“ ВО ГЕРМАНИЈА, А УТРЕ ФИЛМОТ Е ПРЕД ПУБЛИКАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Шеталиште 21/09/2026 18:19
59d91c01eb818b0eeaf78bde4952ed5a

Одлична вест пристигнува од Германија непосредно пред утрешната проекција на „Foreign Tongue“ на Борис Мојсовски во Битола. Филмот го освои German Independence Award – Spirit of Cinema на 33. International Film Festival Oldenburg, една вечер пред да пристигне пред публиката на 47. ИФФК „Браќа Манаки“.

Наградата беше доделена на 20 септември, на свеченото затворање на фестивалот во Oldenburg State Theater. Со „Spirit of Cinema“, жирито го награди „Foreign Tongue“, канадска продукција од 2026 година во режија на Мојсовски, со кинематографија на Фрејзер Браун.

Само два дена по германската премиера и непосредно по наградата во Олденбург, „Foreign Tongue“ ќе биде прикажан утре, 22 септември, во 17:00 часот во Центарот за култура во Битола, во рамките на програмата на 47. ИФФК „Браќа Манаки“.

Филмот ја следи Кети, жена од Северна Америка која по необична несреќа почнува да зборува со силен босански акцент. Луѓето околу неа одеднаш почнуваат да ја доживуваат како странец. Од оваа необична почетна ситуација, Мојсовски гради приказна за јазикот, идентитетот, миграцијата, предрасудите и чувството на припадност. Фестивалот во Олденбург го опишува филмот како љубовно писмо до имигрантското искуство.

За Мојсовски ова е и длабоко личен авторски проект. Роден е во Сараево, а по војната заминува во Канада. Потекнува од филмско семејство, неговиот татко Левко Мојсовски бил кинематографер, а сопствените искуства со миграцијата, јазичните и културните бариери ги внесува и во „Foreign Tongue“.

Борис Мојсовски зад себе има значајна меѓународна кариера како кинематографер и режисер, со работа на продукции како „12 Monkeys“, „Taken“, „Knightfall“, „Titans“, „The Lost Symbol“, „Rabbit Hole“ и „The Madness“. За кинематографијата на епизодата „Thief“ од „12 Monkeys“ ја освои наградата на American Society of Cinematographers во 2018 година, а денес е член на ASC и Canadian Society of Cinematographers.

Неговото доаѓање во Битола има и една лична врска со градот, сопругата на Мојсовски потекнува од Битола.

Така, филмот кој до вчера во Битола го очекувавме како едно од интересните авторски гостувања на фестивалот, утре пристигнува со свежо освоена награда од Германија.

„Foreign Tongue“
22 септември, 17:00 часот
Центар за култура – Битола
47. ИФФК „Браќа Манаки“

Continue Reading

Претходно: Македонија ги започна подготовките, прв репрезентативен повик за Гаштаров и Мелиќи
Следно: “Железното момче”, Рустемовски го победи англискиот боксер Хјуит и се пласира во четвртфиналето на ЕП

Поврзани вести

825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
IMG_6590
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Филм

Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 19/09/2026 23:17
IMG_6544
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Филм

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 19/09/2026 07:24
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани