Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Green Tech Pelagonia официјално започна: поддршка за зелени стартапи со јасен развоен фокус

Шеталиште 31/01/2026 15:20
619067557_1598322838147973_5503679789324134643_n

Со воведна сесија одржана во УКЛО КОЛОРС, Колаборативен простор (CoSpace) во СИЦ при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, официјално започна стартап програмата Green Tech Pelagonia, наменета за поддршка на иновативни и одржливи бизнис идеи од Пелагонискиот регион.

На настанот присуствуваа сите селектирани стартап тимови, како и менторите вклучени во програмата, со што беше означен почетокот на структуриран и практично ориентиран стартап процес.

Селектираните стартапи ги поздрави Лидија Ангелкова, проектна менаџерка во ПРЕДА Плус, која истакна дека програмата има јасна цел: да обезбеди реална поддршка за трансформација на идеите во пазарно применливи и одржливи решенија, преку менторство, тестирање и јасна структура на работа.

Во рамки на програмата, стартап тимовите ќе работат со четири менторки и ментори со комплементарна експертиза:

  • Сања Митровска – експертка за design sprint методологија и бизнис моделирање, со искуство во работа со стартапи и иновативни тимови, фокусирана на брзо тестирање и структурирање на идеи.
  • Љубица Ангелкова – експертка за комуникации, со повеќегодишно искуство во градење брендови, комуникациски стратегии и pitching, која ќе работи со тимовите на јасна и уверлива презентација на нивните стартап решенија.
  • Гого Рафајловски – експерт за иновации и go-to-market стратегии, со фокус на трансформирање на идеи во функционални, пазарно подготвени производи и услуги.
  • Катерина Лалевска – финансиска експертка и scale-up коуч, со долгогодишно искуство во пристап до финансии и поддршка на стартапи и компании во фаза на раст.

 

Во рамки на програмата, учесниците ќе имаат можност да стекнат напредни практични знаења преку интензивна експертска работилница. Работилницата ќе биде фокусирана на клучни теми неопходни за развој и раст на стартапи, и тоа:

  • развој на бренд стратегија,
  • PR и дигитален маркетинг
  • бизнис модели и продажни стратегии
  • финансиско планирање, пристап до финансии и подготовка за инвеститори

Експертските сесии ќе ги водат Ѓорѓе Јовановиќ, маркетинг директор за Балканот во Xiaomi, Иван Миниќ, претприемач и консултант за бизнис развој, и Никола Пејовиќ, финансиски експерт со искуство во банкарството и инвестициите.

ПРЕДА Плус особено ја цени и ја истакнува долгогодишната соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, која и оваа година продолжува и се продлабочува преку поврзување со активностите на Студентскиот центар за претприемништво, во рамки на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.

Како резултат на соработката со ПРЕДА Плус, студентските тимови кои учествуваа на хакатонот реализиран преку УКЛО КОЛОРС беа мотивирани да аплицираат во стартап програмата Green Tech Pelagonia, со што се воспоставува јасен континуитет помеѓу академската средина и практичната стартап поддршка.

Овој пристап е значаен затоа што создава реален развоен ефект, преку навремено препознавање и поддршка на младите тимови и нивно водење од академска идеја до конкретно, пазарно применливо стартап решение.

Преку УКЛО КОЛОРС се обезбедува значајна логистичка и просторна поддршка за спроведување на програмата, ставајќи на располагање coworking простор, библиотека, индивидуални простории за работа и целокупна ИКТ опрема. Овие ресурси овозможуваат квалитетна реализација на индивидуалните и заедничките сесии, во живо и во хибриден формат, создавајќи функционална и поддржувачка средина за развој на стартап тимовите.

Програмата Green Tech Pelagonia е дизајнирана како структуриран процес што создава јасен пат од идеја до пазар и придонесува кон развој на одржливи и иновативни решенија со локален и регионален импакт.

Програмата се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и CIF.

фото | Дамјана Ристевска

618123809_783172350776701_1391128468249471960_n
618129771_1223312119169093_1897459269719459643_n
618144155_4442944616027381_3063783025856246333_n
618328015_2001754127413307_6957240884579946772_n
618417398_4227920537475501_3048115991964782754_n
618468026_777257364767250_9199427441588603546_n
619496773_2166078510593843_2839326260684565754_n
619958934_4433849183509516_8781213150306915309_n
620457887_1795775674418009_4645478148339461614_n
620457887_2049321082306536_6464769118644685774_n
621377519_1715197346479155_6190986730138191225_n
621674988_880030824628026_9055151807418031131_n
622261526_1415448110273678_2864601468206632668_n
623926836_2308467292982903_1293226589002833745_n

Continue Reading

Претходно: Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава
Следно: Саботно „корзо“ на битолчани (31.01.2026)

Поврзани вести

TOM_7489
  • Промо

17-та крводарителска акција на КС Групација – хуманоста продолжува

Шеталиште 13/02/2026 16:14
14 feb felicia dalvina
  • Промо

Св. Трифун со кабаре спектакл и врвни вина во Gold Felicia Битола

Шеталиште 12/02/2026 09:30
proizvodi_-_1200_x_630
  • Промо

Кликни, избери, подари љубов со Mint Store

Шеталиште 11/02/2026 15:08
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани