Стартап програмата на ПРЕДА Плус е наменета за тимови од Пелагонискиот регион кои развиваат иновативни и технолошки решенија со позитивно еколошко влијание.
Фокусот е на паметно земјоделство, зелени технологии, климатски иновации, циркуларна економија, дигитални алатки и одржливо управување со ресурси.
На програмата може да аплицираат и тимови со идеи во рана развојна фаза, како и тимови кои веќе имаат подготвен или тестиран MVP.
Програмата ја поддржува праведната транзиција на регионот и обезбедува знаење, менторство и поддршка за развој на прототипи и одржливи бизнис модели.
Право на пријавување имаат само тимови.
Пријавувањето се врши на следниов линк.




