Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

Kонцерт на „Фолтин“ во Прилеп

Шеталиште 03/09/2025 08:04
Foltin-vo-Prilep

Целовечерниот самостоен концерт на „Фолтин“ ќе се одржи в сабота, 6 септември, на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со почеток во 21:30 часот.

Оваа и следната година „Фолтин“ ја одбележуваат својата 30-годишнина од формирањето и првиот самостоен концерт. Основана во 1995 година во Битола, групата е препознатлива по својот уметнички и експериментален израз. Текстовите често се фонетска имитација на неколку медитерански јазици – „спонтан есперанто“, како што самите го нарекуваат. Нивниот препознатлив стил, „псевдо-емигрантско кабаре“, е амалгам од традиционална музика, електроника и рок, збогатен со визуелни елементи од кабаре и перформанс.

Со текстовите на македонски јазик, „Фолтин“ отвора ново поглавје, внесувајќи влијанија од алтернативниот рок и новиот бран, но задржувајќи ја врската со традиционалната музика и концептот на кабаре. Групата има објавено повеќе од десет студиски изданија, а нивната музика е дел од над триесет театарски претстави и неколку филмови („Плати и жени“, „Со љубов“, „Исцелител“, „Медена земја“ и др.).

Настанот се организира во соработка со ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и е финансиски поддржан во рамките на Програмата за проекти од национален интерес за 2025 година на Министерството за култура и туризам на Македонија.

Continue Reading

Претходно: „Крвавата месечина“ повторно на небото: Пристигнува целосно затемнување
Следно: Се реконструира улицата „16-та“ во Битола, а наскоро започнува реконструкцијата и на улицата „Даме Груев“

Поврзани вести

img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
4B2B1E29-D95F-4EA3-A815-0138B7E7DF96
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Бродвеј пристигнува во Битола: „The Music Man Jr.“ на 5 јуни во Центарот за култура

Шеталиште 02/06/2026 13:57
mtf-poster-datumi-1-1
  • Настани
  • Театар

Онлајн продажба на билетите за МТФ „Чернодрински“ од 28 мај, физичка – од 1 јуни

Шеталиште 27/05/2026 11:13
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани