Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Koшарка: Ирска со шест дебитанти доаѓа на мегдан против Македонија во Скопје

Димитар Петковски 28/06/2026 14:46
5678о

Македонската кошаркарска репрезентација на 2 јули во Скопје ќе ја пречека Ирска во натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029, а гостите ќе настапат со значително подмладен состав. Селекторот Мајкл Бри во конечниот список од 12 кошаркари вклучи дури шест дебитанти, со што јасно најавува почеток на нов циклус во ирската репрезентација.

Најголемиот дел од новите имиња доаѓаат од американската колеџ-кошарка. Петмина од дебитантите настапуваат во НЦАА и се на возраст меѓу 20 и 21 година, додека шестиот новајлија е натурализираниот центар Бен Стивенс, роден во Канада. Македонската публика добро го памети Стивенс од настапите за Вардар, каде остави позитивен впечаток пред кариерата да ја продолжи во германскиот Кобленц.

Во споредба со составот што настапи против Македонија во Даблин на 30 ноември, Ирците задржаа само тројца кошаркари – Буивидас, Флуд и Алаџики, што дополнително ја потврдува големата реконструкција на тимот.

Интересен е и планот за подготовките на Ирска. Репрезентацијата дел од тренажниот процес ќе го реализира во Лос Анџелес, каде на 28 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Ерменија. Од Соединетите Американски Држави експедицијата директно ќе допатува во Скопје за дуелот со Македонија, а потоа ќе отпатува во Баку, каде на 5 јули ќе се соочи со Азербејџан.

За македонската репрезентација претстојниот натпревар има големо резултатско значење. Евентуална победа над Ирска би значела заверка на првото место во групата и обезбедување пласман во следната фаза од претквалификациите за Евробаскет 2029. Во таков случај, последниот натпревар на гостински терен против Луксембург би бил без резултатско значење.

Continue Reading

Претходно: Македонските младинци до 20 години ја победија Бугарија во Стара Загора
Следно: Почина македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски

Поврзани вести

FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
FB_IMG_1784065040466
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Второлигашот Новаци се засилува, потпиша младиот Андреј Сиљаноски (Фото)

Димитар Петковски 15/07/2026 06:53
4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола FB_IMG_1784100985560 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

15/07/2026 08:55
Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени 20260715093147 2
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

15/07/2026 07:57
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата image-255811 3
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

15/07/2026 07:48
Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна FotoJet-2026-07-14T152445.168 4
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

15/07/2026 07:45
Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола voz6-696x408-1 5
  • Македонија

Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола

15/07/2026 07:41

Можеби сте пропуштиле

Visa Cashless Bitola KV 15.07.2026
  • Промо

Со НЛБ Банка, паметна наплата за модерни бизниси – Бесплатен NLB Smart POS за 50 битолски трговци

Шеталиште 16/07/2026 05:59
IMG_5245
  • Култура
  • Настани

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвора јубилејниот Локум фест во Битола

Шеталиште 15/07/2026 11:45
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
20260715093147
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

Шеталиште 15/07/2026 07:57

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани