Mашка одбојкарска репрезентација славеше против репрезентацијата на Косово со 3:0 во сетови на гостински терен во Приштина.
Првиот сет 25:12, вториот со 25:19 и третиот сет донесе најмногу возбудувања, каде Косово во третиот сет, трипати имаше предност (13:8, 14:8, 15:9), беше и 23:18 водство за Косово, но на крај нашите одбојкари направија пресврт за триумф и го добија последниот сет со 27:25.
Најефикасен во македонската селекција беше капитенот, Никола Ѓоргиев со 15 поени. Македонската одбојкарска репрезетнација моментно е на 16. место на табелата во Европската лига.
Следен меч е денес против екипата на Израел, натпреварот започнува од 20:00 часот.

