НАЈНОВО

КултураФилм

Murder Mystery 2 – Адам Сендлер и Џенифер Анистон повторно заедно на филмското платно

Многумина уживаат во холивудската двојка на филмското платно: Џенифер Анистон и Адам Сендлер. Двајцата се докажани актери и фановите секогаш се во исчекување за некој нивни нов филм.

За нивна среќа, тие двајца повторно ќе ги видиме на филмското платно. Станува збор за продолжение на „Murder Mystery“, хит акциона комедија каде според трејлерот двајцата актери играат феноменални улоги.

Имено, режисерот Џереми Гарелик потврди дека ќе го снима продолжението на филмскиот хит од 2019 година.

За да биде ефектот уште поголем, филмот ќе се снима во Париз и на Карибите.

Следејќи ја оригиналната приказна, ликовите на главните улоги се брачна двојка на патување во Европа. Таму се случува мистериозното убиство, за кое се осомничени токму сопружниците.

Поврзани новости