Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена!

Димитар Петковски 05/06/2026 16:32
ffm-zgrada-2-1536x1091

Фудбалската федерација на Македонија откако пред неколку денови ги изрече казните за инцидентите во финалето од Купот на Македонија,Шкендија сметаат дека казните се превисоки и побараа ФФМ да ја преиспита одлуката, а во спротивно најавија дека спонзорот ќе се повлече од клубот.

Во продолжение комплетното соопштение од ФФМ.

Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки.

Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во намерата да стави крај на дивеењето на трибините, без разлика од кого доаѓа. Почитувањето на противникот, навивачите, законите и државните симболи е обврска за сите и нема да има исклучоци. Правилата мора да важат подеднакво за секој клуб, секој поединец и секој субјект во македонскиот фудбал.

Настапите и финансиската корист од пласманот во европските натпреварувања не се обезбедени преку која било друга држава или федерација, туку преку учеството и успесите во македонското првенство и натпреварувањата организирани од ФФМ. Сите привилегии, придобивки и финансиски бенефити што ги уживаат клубовите се резултат на учеството во македонскиот фудбалски систем и натпреварувањата во рамки на ФФМ.

Уште понејасно е како денес се оспорува начинот на водење на федерацијата, кога токму со истото тоа раководство клубот минатата сезона ја освои шампионската титула и оствари историски резултати на европска сцена. Ако тогаш системот бил добар и праведен, тешко е да се објасни зошто денес е проблематичен само затоа што е донесена одлука што некому не му одговара.

Од првиот ден, новото раководство и претседателот на ФФМ подаде рака за соработка кон сите клубови и чинители во фудбалот. Намерата беше да се градат партнерски односи, меѓусебна доверба и заедничка визија за развој на македонскиот фудбал. За жал, од раководните структури на Шкендија во повеќе наврати добивме арогантен, самобендисан и потценувачки однос, кој не придонесува за градење партнерство и меѓусебна почит. Но, тој избор е нивен. Иако, би било добро да знаат дека ароганцијата понекогаш се враќа како бумеранг.

Во јавноста слушаме амбициозни најави за големи засилувања, европски успеси и нови проекти. Но, истовремено слушаме и закани за повлекување од фудбалот секогаш кога дисциплинските органи ќе донесат одлука што не е по нечии очекувања. Таквиот пристап остава впечаток дека некои лесно ги прифаќаат придобивките од системот кога победуваат, а многу потешко ги прифаќаат правилата и одговорноста кога ќе се соочат со санкции.

Во однос на најавите за можно повлекување на спонзорот, тоа е нивна деловна одлука и ФФМ ќе ја почитува. Но никој не треба да очекува дека преку такви пораки ќе влијае врз одлуките на федерацијата или нејзините органи.

Правилата се исти за сите клубови, без разлика како им се вика спонзорот, колкава е неговата финансиска моќ или какво влијание некој верува дека поседува. Потенцирањето на името на спонзорот во соопштенија, јавни настапи и заеднички состаноци не го фасцинира ова раководство на Федерацијата, ниту претставува аргумент што може да влијае врз дисциплинските одлуки. Интересно е што и последното соопштение беше подготвено и објавено во доцните вечерни часови, во стил кој очигледно треба да демонстрира сила и важност, „типично за голем клуб“. Но, големината на еден клуб не се докажува со соопштенија, притисоци или повикување на финансиска моќ, туку со одговорност, достоинство, скромност и почитување на правилата.

Нема повеќе како досега. Завршено е времето кога некој можеше да верува дека неговата позиција, влијание или финансиска поддршка му обезбедуваат поинаков третман. Денес важи само еден принцип. Исти правила за сите. Тоа е основата на спортската правда и единствениот пат по кој ќе се движи ФФМ.

Со години во јавноста се пласираше порака за посебна моќ и влијание. Но, времето кога некој можеше да верува дека за него важат поинакви правила е завршено. Доколку некој смета дека неговото име, финансиска моќ или придонес му обезбедуваат привилегиран третман, тогаш суштински не го разбира принципот на спортската правда. Во македонскиот фудбал нема недопирливи.

ФФМ нема да носи одлуки под притисок, ниту ќе дозволи уцени да влијаат врз работата на нејзините органи. Сите клубови се важни за македонскиот фудбал, сите имаат свои заслуги и сите заслужуваат почит. Но, никој не е над правилата.

Со ова ја сметаме темата за затворена. Интегритетот на натпреварувањата, почитувањето на законите, достоинството на спортот и еднаквиот третман за сите остануваат принципи од кои ФФМ нема да отстапи. Правилата ќе важат за сите, вклучително и за ФК Шкендија и нејзиниот спонзор. Без исклучок. – стои децидно во соопштението на ФФМ.

Continue Reading

Претходно: Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото)
Следно: Селекторот Берокал го објави поширокиот список на кандидати за настап во јулскиот ФИБА „прозорец“

Поврзани вести

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година JM2_9167-530527_16by9-Large 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

12/07/2026 20:50
Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 4
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 5
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39

Можеби сте пропуштиле

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани