Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Project 7000 го најавува првиот outdoor настан „Ski You Later“ на Пелистер – почеток на нова четирисезонска приказна

Шеталиште 25/12/2025 08:09
594475537_1400338138307224_9210968425721500376_n

Битола добива нов концепт на настани под името Project 7000, проект инспириран од поштенскиот код на градот, но замислен како многу повеќе од географска одредница. Project 7000 е нова платформа за outdoor култура, музика и современ израз, која ќе живее и ќе се развива низ сите четири сезони од годината, на различни локации во и околу Битола.

Првиот настан од серијата, „Ski You Later“, ќе се одржи на 27 декември 2025 година, со почеток во 11:00 часот, на Пелистер, на стартот на жичарата, како дел од официјалната програма на „Зимска приказна – Битола 2025/26“.

Изборот на локацијата не е случаен. Стартот на жичарата на Пелистер е точка на премин, место каде градот останува под тебе, а просторот се отвора кон долината. Токму таму, Project 7000 ја започнува својата приказна: од висина, со перспектива кон долината.

„Ski You Later“ нема да е класичен ски-настан, ниту пак традиционална журка. Тоа ќе биде осмислено искуство во природа кој спојува музика, планина, визуелна естетика нова енергија, создавајќи поинаков начин на доживување на зимата, без клишеа и без потреба од затворени простори.

Диџеи што знаат што значи звук од височина

Првиот настан на Project 7000 го отвораат Алекса Мандиќ Aleksa- Mandozica и Данило Радусиновиќ, диџеи кои доаѓаат од Црна Гора и се препознатливи по сетови што се случуваат надвор од клубската логика на планински платоа, тераси и локации со поглед кон долини и заливи. Mandozica е диџеј чии најзапаметени настапи се одвивале дење, во отворен простор, каде музиката не ја надвикува природата. Неговите сетови се градат постепено, со чувство за простор, светлина и движење, квалитети што се клучни за настани на височина.

Данило, како house и afro house селектор, е познат по настапи на локации каде звукот се движи „надолу“ кон морето, кон градот, кон хоризонтот. Овој пат одиме кон долината во која е сместена Битола.

За двајцата, висината не е сценографија, туку метод на работа.

Токму затоа тие се првиот избор за отворање на Project 7000. Настанот ќе започне со warm-up сет од битолскиот артист BerryQyat, кој ќе ја воведе публиката во атмосферата и ќе го постави ритамот на денот.

Почеток од висина

Со „Ski You Later“, Project 7000 јасно го поставува својот правец: настани што ќе се мерат по доживување, по локации што не се декор, туку дел од приказната и по музика што не бега од природата, туку комуницира со неа.

Од Пелистер, приказната продолжува понатаму, низ сите сезони, низ различни простори, со истата идеја: Битола 7000 како фреквенција, не како координата.

Continue Reading

Претходно: Меѓу датумите и суштината – Божик на 25 декември или на 7 јануари
Следно: „Празничната приказна“ во Прилеп до 31 декември

Поврзани вести

festival-prilep
  • Вести
  • Култура
  • Прилеп инфо
  • Театар

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 05/06/2026 06:22
4B2B1E29-D95F-4EA3-A815-0138B7E7DF96
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Бродвеј пристигнува во Битола: „The Music Man Jr.“ на 5 јуни во Центарот за култура

Шеталиште 02/06/2026 13:57
mtf-poster-datumi-1-1
  • Настани
  • Театар

Онлајн продажба на билетите за МТФ „Чернодрински“ од 28 мај, физичка – од 1 јуни

Шеталиште 27/05/2026 11:13
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола reka-dragor-bitola 1
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

09/06/2026 11:56
Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига! 3456 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

09/06/2026 10:49
Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено avion-1-2 3
  • Балкан

Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено

09/06/2026 08:40
Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа img_3869-700x375 4
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

09/06/2026 08:01
Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт terapont-780x470 5
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

09/06/2026 07:46

Можеби сте пропуштиле

NASLOVNA Mint-172
  • Промо

MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи

Шеталиште 09/06/2026 13:10
skijatos-leto-lider-travel-10-1024x536-1
  • Патувањa

Сардинија воведе строги правила за плажите: за крадење песок казна до 3.500 евра

Шеталиште 09/06/2026 11:58
reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани