Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

„Scream“ фестивал на 1 ноември во Скопје посветен на Бора Чорба

Шеталиште 23/08/2025 08:23
IMG_7189

На 1 ноември 2025 година, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде домаќин на фестивалот SCREAM, каде што на едно место ќе застанат три легенди на музичката сцена, Влатко Стефановски трио, Рибља Чорба и Галија. Вечерта ќе биде дополнета со бројни изненадувања, а на сцената ќе се појави и специјален гостин, чие име останува во тајност сè до самиот настан.

Оваа година фестивалот носи сосема ново значење и добива посебна тежина, тоа нема да биде само уште еден концерт, туку свечена рок посвета на човекот кој со својот глас, своите стихови и својот бунтовен дух засекогаш ја промени историјата на балканската музика – Бора Чорба.

На 1 ноември 2025, токму на денот кога својот роденден би го прославил легендарниот Бора Чорба, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане центар на најголемото музичко славење на рокенрол духот на овие простори.

Тројца великани, три различни музички универзуми, но една заедничка цел: да ја донесат најсилната рок енергија во Македонија.

Влатко Стефановски трио – најголемиот виртуоз на гитара на овие простори, уметник чија музика е вечен печат на македонската и регионалната сцена. Рибља Чорба – бендот кој повеќе од четири децении е симбол на бунтот и чиј фронтмен, незаборавниот Бора, ќе биде центарот на оваа вечер, ќе ја продолжи неговата приказна и ќе покаже дека рокот не умира, туку живее низ песните што ги пеат илјадници луѓе. Галија – бендот на големите балади и силните емоции, чија музика е доказ дека времето може да помине, но добрата песна останува засекогаш.

„Scream festival 2025“ – Настан кој ветува експлозија од звук, емоции и носталгија, но и нова свежина што ќе ја почувствува секој присутен. Настан што ќе ги спои генерациите, ќе ја врати енергијата на златните рок времиња и ќе ја запише арената „Борис Трајковски“ како сведок на уште една историска ноќ.

Повеќе од четири часа жива музика, спектакуларна продукција и бројни изненадувања што ќе ја разгорат атмосферата.

Ексклузивна цена на карти од 700 денари само до 12 септември!

Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5683

Continue Reading

Претходно: Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста
Следно: ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен

Поврзани вести

907433892_1519783199967708_6193108333973787549_n
  • Култура
  • Настани

Две години „Свесност“, една година Live sessions и заедница што продолжува да расте

Шеталиште 15/11/2026 17:43
teatar-bitola
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Театар

Во Битола се одбележува годишнина од формирањето на Народниот театар

Шеталиште 14/11/2026 09:38
20261112140115_big_730x400_18
  • Настани

Во Прилеп утревечер премиера на „Снежното кралство“

Шеталиште 13/11/2026 17:28
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Кавадарчани славеа минимално над КК Пелистер и пробиja на третото место на табелата во МТЕЛ Суперлигата mbghnjmk 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Кавадарчани славеа минимално над КК Пелистер и пробиja на третото место на табелата во МТЕЛ Суперлигата

15/11/2026 08:33
Македонија до 17 години обезбеди пласман во Лига А за место на ЕП Screenshot_20261115_041259_Chrome 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 17 години обезбеди пласман во Лига А за место на ЕП

15/11/2026 06:36
Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија Screenshot_20261115_040736_Chrome 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија

15/11/2026 03:08
ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола Screenshot 2026-11-14 at 17.15.44 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола

14/11/2026 16:18
Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија filipce 5
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

14/11/2026 14:04

Можеби сте пропуштиле

907433892_1519783199967708_6193108333973787549_n
  • Култура
  • Настани

Две години „Свесност“, една година Live sessions и заедница што продолжува да расте

Шеталиште 15/11/2026 17:43
mbghnjmk
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Кавадарчани славеа минимално над КК Пелистер и пробиja на третото место на табелата во МТЕЛ Суперлигата

Димитар Петковски 15/11/2026 08:33
Screenshot_20261115_041259_Chrome
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 17 години обезбеди пласман во Лига А за место на ЕП

Димитар Петковски 15/11/2026 06:36
Screenshot_20261115_040736_Chrome
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија

Димитар Петковски 15/11/2026 03:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани