Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Stay BE од Битола победници на првиот „Средношколец Милионер“

Шеталиште 01/12/2025 07:52
Stay Be 1

Тимот Stay BE со нивната бизнис-идеја „Систем 4“ ја освои главната награда од 1.000.000 денари на првото издание на „Средношколец Милионер“, најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис-идеи во Македонија во организација на Бреинстер што синоќа заврши во Скопје. Покрај главната награда, победниците добија и понуда од инвеститори за дополнителна инвестиција од 6.000 евра, како и вредносни ваучери за Brainster NEXT и НУ Академијата за талентирани средношколци.

Наградата е донација од основачот на Brainster групацијата, Петар Ниновски, кој со сопствен пример сака да ја продолжи поддршката што и самиот ја добил како млад претприемач. Натпреварот, како што вели, започна со визија да создаде национална платформа која ќе ги препознае, охрабри и поддржи младите луѓе со претприемачки дух.

-Честитки на сите, бевте фантастични. Не беше лесно да се избере победник, но она што го видовме е дека вие сте подготвени и иднината останува во ваши раце, буквално. Продолжете да создавате, да пробувате, да се обидувате. Сите ние се потпираме на вас, порача Петар Ниновски обраќајќи се до финалистите.

Тимот Stay BE – Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски, средношколци од три битолски училишта, ја освоија титулата „Средношколец Милионер“ со идеја која таргетира глобален пазар и нуди AI решенија за хотели и ресторани низ светот. Нивното решение „Систем 4“ користи напредни алатки со вештачка интелигенција за автоматска анализа на проблеми во хотелско-угостителскиот сектор и понуда на три вида дигитални системи: AI чат-асистент за веб-страниците на рестораните и хотелите; AI телефонски агент за комуникација со клиенти; Брза изработка или надградба на веб-страници со AI алатки. Системот автоматски идентификува потенцијални клиенти, испраќа персонализирани пораки и во некои случаи дури и бесплатна демо-верзија за да се зголеми довербата.

-Очекувавме победа од самиот почеток. Нашата идеја мисли за иднината и носи реална вредност. Милионот денари нема да го трошиме за одмор и забава, туку ќе ги вложиме во развој на бизнисот. Од денес нема одмор за нас, велат Јован, Иван и Марио.

Со само пет поени разлика зад победниците, второто место го освоија тимот од Академија Разлика со својот иновативен концепт „ПаметПакет“. И тие добија понуда од инвеститорите за финансирање, како и вредносни ваучери за програмите на Brainster. Третопласирани беа ЈКЦ Милионерс и идејата DWear.

Сите тимови од ТОП 10 беа наградени со дополнителни едукативни ваучери како поддршка за нивниот понатамошен развој.

Организаторот вели дека остануваат посветени на развивање на образовен и претприемачки екосистем кој ги подготвува младите за реалните предизвици на иднината, преку практична настава, работа со ментори, реални проекти и директна поддршка од компании.

-Ова прво издание на „Средношколец Милионер“ ја потврди најважната лекција: талент во Македонија има, потребна е само вистинска шанса за да блесне. Честитки за сите учесници и гледаме напред кон следната, уште поголема, креативна и инспиративна шанса за младите, велат од Бреинстер групацијата.

На натпреварот кој беше отворен за сите средношколци од Македонија беа пријавени повеќе од 470 идеи кои во повеќе фази се натпреваруваа се до финалниот викенд. Повеќе од 34.000 луѓе гласаа за идеите онлајн, а конечниот избор на првите 10 и победниците беше направен викендов во просториите на организаторот на натпреварот.

Фото: Бреинстер групација

 

Continue Reading

Претходно: Суперлига: Драматично реми во дербито помеѓу Пелистер и Алкалоид (Видео)
Следно: Сончево, претпладне со магла во одделни котлини

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани