ЖивотТехнологија

WhatsApp ја воведе опција користење на аликацијата и кога немате интернет

WhatsApp лансираше нова опција која ќе им овозможи на луѓето да ја користат апликацијата дури и кога немаат пристап до интернет. Новата алатка им овозможува на корисниците да останат онлајн користејќи proxy сервери дури и кога нивниот интернет е исклучен или блокиран на некој начин.

Опцијата доаѓа како одговор на исклучувањето на интернетот во некои земји, вклучително и Иран. Компанијата соопшти дека со ваквите потези луѓето ќе добијат итна помош и тогаш кога немаат интернет. Затоа, тие вградија алатка во поставките на WhatsApp што ќе им овозможи на корисниците да го внесат името на proxy – серверот и да го користат за поврзување на Интернет во случај на прекин на Интернет.

Како функционира новата опција?

Прокси-серверите ќе служат како алтернативен пристап до Интернет кога традиционалните методи за поврзување и серверите се исклучени или оневозможени, обезбедувајќи му на корисникот потребната врска со веб-локацијата или услугата до која сака да пристапи.

WhatsApp истакна дека многу од нив се поставени од волонтери и организации ширум светот за да им помогнат на луѓето „слободно да комуницираат“, а компанијата исто така ќе понуди насоки за тоа како да се постави proxy. Опцијата веќе треба да биде достапна во менито за поставки за секој што ја користи најновата верзија на апликацијата.

„Поврзувањето преку proxy го одржува истото високо ниво на приватност и безбедност што го обезбедува WhatsApp. Вашите приватни пораки сè уште ќе бидат заштитени со шифрирање од крај до крај. Се погриживме тие да останат помеѓу вас и лицето со кое комуницирате и да не се видливи за никој друг, дури ни за proxy-серверите, WhatsApp или Meta“, објави компанијата.

Поврзани новости