НАЈНОВО

Македонија

Од први јануари, кој ќе нема возачка дозвола со Северна Македонија, ќе биде „олеснет“ за 100 евра

Од први јануари, кој ќе нема возачка дозвола со новото уставно име, ќе добие парична казна во износ од 100 евра, предвидува членот 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Согласно член 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка дозвола и возачка книшка кои е должен да ги покаже на барање на полициски службеник. Ако нема важечка дозвола, ќе треба да плати казна од 100 евра во денарска противвредност“.

Возачките дозволи со старото уставно име „Република Македонија“, нема да важат после 31.12.2024 година, па затоа Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира истите да се заменат со нови кои ќе бидат со новото уставно име – „Република Северна Македонија“.

Поврзани новости