Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Астрологија
  • Живот

Викенд хороскоп (21-22.01.2023)

admin 21/01/2023 00:00
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1

Овен

За родените во овој знак, викендот е одлично време да се фокусираме на домот и семејството. Младата Месечина во текот на вечерните часови денеска ќе ви донесе одредени откритија кои ќе посакате да ги дискутирате со вашите блиски. Ова може да е поврзано со некои проблеми од минатото. Ценете ги напорите на другите луѓе околу вас, особено оние кои се трудат да ве направат среќни.

Слободните Овни ќе уживаат во добро поминатото време овој викенд. Важно е да се насочите и кон сериозни разговори, ако треба да дискутирате нешто значајно. Младата Месечина може да ви помогне и да ја утврдите ситуацијата, односно на „што сте” со некоја личност. Не се плашете да поставувате прашања.

Бик

За време на викендот, Биковите ќе бидат заинтересирани да имаат проактивен пристап. Младата Месчеина на 21 јануари е одличен ден за да ги заштитите своите односи со другите луѓе, но имајте на ум дека вашата самодоверба може да ги иритира луѓето околу вас.

Слободните Бикови кои бараат љубов, важно е да ги намалат своите очекувања и да бидат поприродни. Бидете отворени и искрени за своите чувства и намери за да избегнете разочарувања. Со младата Месечина во сабота, ќе имате силна интуиција, па време е да го слушнете својот внатрешен глас.

Близнаци

Вашите финансии се во фокусот, овој викенд. Важно е да имате отворена комуникација за вашиот буџет, а овие денови се совршени за тоа. Со младата Месечина на 21 јануари, подгответе се да поработите и на подобрување на буџетот и штедењето. Не трошете на непотребни нешта.

За слободните Близнаци, ова е одличен момент за да сретнат личност која ќе има големо влијание во нивниот живот.

Рак

Раковите можат да очекуваат предизвици во нивните лични односи. Но, имајте на ум дека тоа нема да трае долго. Ако имате силна врска која е базирана на цврсти темели, тоа само ќе ви донесе мала турбуленција, но ништо големо. Младата Месечина вечерва ве потсетува дека ништо не е вечно. Важно е да бидете отворени и искрени.

За слободните Ракови, одредени проблеми од минатото би можеле да излезат на површина овој викенд. Пробајте да научите нешто од нив доколку сте заинтересирани за нова врска. Верувајте и на интуицијата и обрнете внимание на своите чувства.

Лав

За Лавовите, ова е совршен викенд во кој ќе треба да го остават минатото зад себе. Младата Месечина ви носи големи нешта, па затоа имајте ведри мисли и бистар ум. Самодовербата е тука, како и секогаш, но не заборавајте да се грижите за себеси. Балансот е клучен.

Слободните Лавови кои бараат љубов ќе треба да направат чекор назад и да се фокусираат на важните аспекти од нивниот љубовен живот. Ако имате можност за рефлексија, тоа може да ви помогне да утврдите што точно сакате.

Девица

За родените во овој знак, викендот носи хармонија во нивните љубовни односи. Тоа може да ви донесе стабилност во односите и со другите луѓе околу вас и позитивна енергија која ќе ве води напред. Младата Месечина вечерва исто така ви носи можност да ги подобрите своите односи. Имајте на ум дека тимската работа е клучна за успех.

Слободните Девици ќе посакаат да пробаат нови нешта. Излезете од својата сигурна зона, бидејќи младата Месечина ви носи нова енергија и храброст. Ако ви се допаѓа некоја личност, бидете искрени и покажете ги своите чувства,

Вага

Вагите ќе посакаат да минат квалитетно време во својот дом, сами или пак со оние кои им се драги, но во многу мал круг, далеку од другите. Тоа е енергијата која ви ја носи младата Месечина во текот на вечерните часови во сабота.

Слободните Ваги не се заинтересирани за љубов и потребно им е да бидат сами за да размислат добро, пред да тргнат во потрага по својата сродна душа.

Шкорпија

Шкорпииите ќе се соочат со негативни чувства бидејќи некои работи не се одвиваат онака како што тие планирале. Ова може да биде знак на внатрешна борба која врие во вас. Внимавајте да не се вклучувате во озборувања и драма што би можеле да ви донесат проблеми во живтот.

Младата Месечина вечерва ќе ви помогне да ги вратите работите во нормала. Ако сте во врска, верувајте во силата на вашата љубовна врска и поддршката од партнерот.

Слободните Шкорпии се наоѓаат во ситуација во која би посакале да комуницираат или пак да се гледаат со повеќе луѓе, но младата Месечина ќе ви донесе јаснотија. Верувајте и на интуицијата, таа ќе ви покаже што е она вистинското за вас.

Стрелец

За Стрелците, љубовта и романсата ќе бидат во фокус овој викенд. Можно е да се најдете во силна страст и да уживате во покажување на чувствата кон саканата личност. Младата Месечина вечерва ви носи желба за приватност и интимност. Наместо да се социјализирате, поминете време дома.

Слободните Стрелци може да очекуваат нови моменти во нивниот љубовен живот. Ако се гледате со некого, овој викенд е одличен момент да ги однесете работите на следно ниво. Отворете го своето срце за љубов.

Јарец

За Јарците, младата Месечина на 21 јануари носи фокус на отворената и искрена комуникација со саканата личност. Овој викенд може да биде доро време да споделите тајни, но и важни прашања за кои долго сте молчеле. Ако сте во врска, од двете страни ќе постои интерес за разговор кој ќе го подобри љубовниот однос. Запаметете дека силната комуникација е клучна за здрава врска.

Слободните Јарци имаат онлајн комуникација која би довела до средба во живо, овој викенд. Се отвора простор за нови моменти на ова поле. Но, пред да ги направите работите сериозно, добро би било малку да се смирите.

Водолија

Младата Месечина на 21 јануари ги прави вашите љубовни односи посериозни. Ова е одличен период за значајни, квалитетни љубовни разговори кои ќе ја продлабочат конекцијата. Обрнете внимание на малите детали и гестови за да ја покажете љубовта и посветеноста.

Ова е викенд кој отвора простор за нови поглавја.

Слободните Водолии ќе стават фокус на здравјето и добросостојбата. Младата Месечина ќе ги поттикне на тоа и ќе ги инспирира да се поврзат со своите пријатели. Но, најважно е да се ставите себеси на прво место.

Риби

Во текот на викендот, Рибите ќе се насочат кон финансиските прашања. Можно е главниот приоритет да ви биде дискусирање на буџетот и инвестициите, па затоа е важно да имате отворен и директен пристап. Младата Месечина на 21 јануари носи можност за вас да ги зголемите средствата и да дојдете до поголема заработка. Ова е одличен викенд за вас, на ова поле.

Слободните Риби ќе добијат нова енергија и желба за љубов. По неколку неуспешни обиди, можно е овој период да ви донесе чувство да го следите срцето. Ако добиете покана за средба, не ја одбивајте.

Continue Reading

Претходно: Внимателно возење: Врнежи од снег на Стража, Ѓавато, Буково, Пресека, Ресен, Крушево и Попова Шапка
Следно: Мадона на турнеја слави 40 години од својата кариера

Поврзани вести

20221230-godishen-horoskop-za-2023-godina-m
  • Астрологија

Дневен хороскоп (10.06.2026)

Шеталиште 10/06/2026 07:31
horoskop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (09.06.2026)

Шеталиште 09/06/2026 07:50
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.06.2026)

Шеталиште 08/06/2026 07:59
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 1
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

12/06/2026 07:39
Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо fjC5B-oblacno-1 2
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

12/06/2026 07:37
Законот за оружје пред пратениците 53488 3
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

12/06/2026 07:37
Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник image-253611 4
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

12/06/2026 07:21
Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео) 102937829 5
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)

12/06/2026 05:53

Можеби сте пропуштиле

Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани