НАЈНОВО

Здравје

Метеоролозите најавуваат дека од среда не очекува нагла промена на времето.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.

Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м 2 за краток период.

Сето ова може да влијае на здравјето на поединците, особено на почувствителните и оние кои веќе имаат хронични заболувања.

Затоа е важно да се подготвите на време и да се заштитите од неповолните временски услови.

Лекарите велат дека при значителна промена на времето, луѓето најчесто доаѓаат на лекар со типични симптоми како гадење, депресија, вртоглавица, главоболка, мигрена, висок или низок крвен притисок, општа физичка слабост и необјаснет замор.

Тие шпекулираат дека причина за тоа се почестите престои во затворени простори, поради што се намалува способноста на телото да се аклиматизира.

При промена на времето, особено при силни ветрови, во атмосферата се создаваат повеќе позитивни јони, кои негативно влијаат на телото.

Луѓето ќе забележат чести промени во расположението и раздразливост. Кај хронични пациенти може да дојде до влошување.

Симптомите се појавуваат од 24 до 48 часа пред промената на времето, а може да се манифестираат околу ден или два.

Во овие ситуации не е соодветно да се посегнува по домашната аптека и случајно да земаат лекови, но хроничните пациенти мора да продолжат со редовна терапија, а во случај тоа да не им помогне, можат да се консултираат со својот лекар, пишува 24 сата.хр.

Поврзани новости