Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

Во прилепскиот театар се подготвува „Хамлет“b

admin 31/08/2023 00:00
553184-0.Basic-hamlet

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Хамлет“ од Шекспир, во режија на Бранко Брезовец.

Шекспировиот „Хамлет“ е врвно дело на англиската и на светската литература, во кое се говори за опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за смртта (убиството) на својот татко. На режисерот Брезовец ова му е трета соработка со прилепскиот ансамбл, по претставите „Антица“ и „Глембаеви“ и смета дека е голем предизвик да го постави „Хамлет “ на сцената.

– Со „Хамлет“ се подигнуваме на врвот во драмската писменост. Оваа претстава претходно ја работев со ансамблот во Турскиот театар во 1995 година и таа претстава имаше извонреден ориентален призвук. Тој не може да верува во задгробните пораки од татко му. Мора да види непосредно убиство, за да реагира, а не, некој да му раскажува за тоа. Во Прилеп имаме одлична поделба која се темели на Глембаеви, а тоа е некаква варијација на Хамлет. Тука ќе биде помал нагласокот на проблемот на одмаздата, бидејќи, таа тема, во овие краеви, за среќа почна да се разретчува во почетокот на 2000-та. Во нашата претстава се работи за проблемот на честа, која е врвен морален принцип. Овде, јасната работа не е отфрлена, но е релативизирана и како да се укажува на некои компромиси. „Да се биде или не“ како да се разлева во истовременото и да се биде и да не се биде. „Хамлет“ ќе биде претстава на жестока колективна игра, на цврста актерска екипа и заедничко уметничко разбирање, вели режисерот Бранко Брезовец.

Премиерата на претставата е поддржана од Министерството за култура и ќе се одржи во средината на октомври.

Continue Reading

Претходно: Три жени искасани од кучиња скитници во Прилеп
Следно: Бесплатна членарина за првачиња во битолската библиотека

Поврзани вести

nmctrwrtlqduk4do6s1y
  • Театар

„Пламенка“ од Петре Димовски премиерно на сцената на битолскиот театар

Шеталиште 18/02/2026 07:31
IMG_3246
  • Театар

„Пинокио“ – најнова премиера, детска претстава на Битолски театар

Шеталиште 11/02/2026 08:36
Global-Digital-City
  • Култура
  • Настани

На крајот на февруари, Тетово го пречекува „Global Digital City 2026“ со фокус на младите таленти и партнерства меѓу бизнисите

Шеталиште 05/02/2026 16:41
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година FB_IMG_1771407291514 1
  • Битола инфо

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

18/02/2026 09:38
На Попова Шапка 97 сантиметри снег 20260218084212_big_730x400_83 2
  • Македонија

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

18/02/2026 07:52
Денес се празнува Светата маченичка Агатија sv-agatija 3
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Агатија

18/02/2026 07:48
Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер fjC5B-oblacno-1 4
  • Македонија

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер

18/02/2026 07:33
Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква 20260218070142_big_730x400_54 5
  • Македонија

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

18/02/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1771407291514
  • Битола инфо

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

Шеталиште 18/02/2026 09:38
20260218090011_big_730x400_88
  • Останати

ЗОИ 2026: На пет дена до крајот, Норвешка убедлив лидер по освоени медали

Шеталиште 18/02/2026 08:06
meatballs-tomato-sauce-500x375
  • Рецепти

Ќофтиња во сос

Шеталиште 18/02/2026 08:03
20260218084212_big_730x400_83
  • Македонија

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

Шеталиште 18/02/2026 07:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани