Македонија

Неработни денови и државни празници во 2024 година – Во календарот има 9 продолжени викенди

Колку неработни денови и државни празници ќе имаме во 2024 година? Симнете го и испечатете го календарот за 2024 година во којшто се одбележени неработните денови и државните празници.

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата за неработни денови и државни празници за 2024 година.

Во објавениот календар за 2024 имаме вкупно 9 продолжени викенди, затоа што има повеќе празници што се паѓаат во петок и недела.

Споделете со пријателите, семејството и блиските со кои сакате да ги испланирате слободните денови во наредната година!

Во продолжение проследете ја листата на неработни денови и државни празници за 2024 година:
За сите граѓани:
01 јануари (понеделник), Нова Година
07 јануари (недела), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден
06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
01 мај (среда), Ден на трудот
24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители
02 август (петок), Ден на Републиката
08 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
11 октомври (петок), Ден на народното востание
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед:
06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ
19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед:
01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
01 ноември (петок), Празникот на сите светци
25 декември (среда), првиот ден на Божиќ
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница:
22 ноември (петок), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница:
27 јануари (сабота), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница:
08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница:
23 мај (четврток), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница:
12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница:
28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница:
21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Поврзани новости