Во сообраќајка во Прилеп едно лице тешко повредено

0
Споделивања

Пред два дена во ОВР Прилеп било пријавено дека во 13.30 часот на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, управувано од Ж.П.(61) од с.Воѓани, прилепско и патничко возило „опел“, управувано од Е.И.(33) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки, извести полицијата.

Во несреќата В.Ш.(24) од Прилеп, сопатник во возилото „опел“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Прилеп, соопшти МВР.

0
Споделивања
Exit mobile version