Евротип и Голд Слот беа генерални спонзори на успешно одржаната атлетска трка Че Трчаме во Прилеп

0
Споделивања

Евротип е генерален спонзор на атлетската трка Че Трчаме од нејзиниот почеток. Оваа година Евротип со здружени сили со Голд Слот ја продолжи својата поддршка на настанот и заеднички настапија како генерални спонзори на второто издание на трката.

Успешно одржаната атлетска трка Че Трчаме која се одржа вчера во Прилеп беше вистинско празнување на спортот, здравиот начин на живот и заедништвото кој привлече околу 1500 учесници од Македонија и регионот.

Со нашето спонзорство ја поддржавме локалната заедница и обезбедивме сигурност за одлична организација на самиот настан.Плоштадот во Прилеп беше исполнет со насмеани и ведри лица кои покажаа силен натпреварувачки но, и поддржувачки дух за што посведочи бројната публика. Атмосферата за време на трката беше исполнета со ентузијазам, енергија и спортско – натпреварувачки дух.

Секој учесник од најмлад до највозрасен покажа силна волја, енергија и желба за постигнување на целта. Евротип и Голд Слот како и останатите компании од КС Групацијата со континуирана поддршка и посветеност кон спортот движат кон поттикнување на позитивни промени и алудираат кон промоција на здравите навики и активниот начин на живот.

Со нетрпение очекуваме идни спортски проекти каде што повторно ќе можеме да ја покажеме нашата посветеност кон спортот и заедницата.

0
Споделивања
Exit mobile version