Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Психологија

Депресијата и анксиозноста се` поприсутни меѓу младите – ретко кој бара стручна помош

admin 04/05/2023 00:00
z_depresija-1-960x565-1

Секој трет адолесцент по пандемијата има симптоми на депресија, а 42 отсто се пожалиле на анксиозност, покажува студијата на УНИЦЕФ и Универзитетската клиника за психијатрија од Скопје.

Пандемијата остави сериозни последици врз здравјето на младите. Долгата социјална изолација, затворањето на училиштата, прекинот во дневните рутини, несигурноста, грижата за здравјето и добросостојбата на членовите од семејството и блиските луѓе, се одразија врз менталното здравје на адолесцентите. Се поголема е бројката на млади кои се жалат на депресија и анксиозност. Ова го покажуваат студиите за менталното здравје на младите на УНИЦЕФ и Универзитетската клиника за психијатрија, чија презентација се одржа во Скопје.

Секој трет адолесцент се жали на депресија

депресијадепресија
ЗДРАВЈЕСЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Депресијата и анксиозноста се` поприсутни меѓу младите
ДТЗ
пред 1 ч.пред 1 ч.
Секој трет адолесцент по пандемијата има симптоми на депресија, а 42 отсто се пожалиле на анксиозност, покажува студијата на УНИЦЕФ и Универзитетската клиника за психијатрија од Скопје

https://p.dw.com/p/4Qqw9
РЕКЛАМА
Пандемијата остави сериозни последици врз здравјето на младите. Долгата социјална изолација, затворањето на училиштата, прекинот во дневните рутини, несигурноста, грижата за здравјето и добросостојбата на членовите од семејството и блиските луѓе, се одразија врз менталното здравје на адолесцентите. Се поголема е бројката на млади кои се жалат на депресија и анксиозност. Ова го покажуваат студиите за менталното здравје на младите на УНИЦЕФ и Универзитетската клиника за психијатрија, чија презентација се одржа во Скопје.

Секој трет адолесцент се жали на депресија

Секој трет адолесцент во истражувањето изјавил дека има симптоми на депресија по пандемијата, а 42 отсто се изјасниле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност. Повеќе од половина од испитаниците имале проблеми, но не побарале помош. Шестпати е поголема веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата.

Студиите покажуваат и дека повеќе од 54 отсто од младите мајки, кои пријавиле сериозни симптоми на депресија, не успеваат да воспостават емоционална врска со новороденчето што е клучен фактор за здравјето и развојот на детето, но, исто така и за менталното здравје и благосостојба на мајката.

Стигма

УНИЦЕФ во средата (03.05.) ги претстави клучните резултати од програмите за ментално здравје на децата и адолесцентите, како и главните наоди од двете истражувања за менталното здравје, први од таков вид во земјата, што се спроведени со финансиска поддршка од УСАИД и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија. Истражувањата се спроведени во средината на 2022 година.

Надлежните укажуваат дека е потребно системското зајакнување на поддршката на менталното здравје на децата и нивните семејства, зголемување на инвестициите во услугите за ментално здравје и психо-социјална поддршка, соодветен пристап кон менталното здравје во училиштата и во заедницата и промена на јавниот дискурс за да се намали стигмата поврзана со менталното здравје.

Менталното здравје е глобално прашање. Над 1 милијарда луѓе, според Светската здравствена организација (СЗО), се соочуваат со проблеми поврзани со менталното здравје, додека пак УНИЦЕФ проценува дека 1 од 7 деца и млади луѓе ширум светот имаат одредени проблеми со менталната здравствена состојба.

Извор: DW

Continue Reading

Претходно: Облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд
Следно: Сто и дваесет години од загинувањето на Гоце Делчев

Поврзани вести

Man sleeping in the comfortable bed
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
lovestori
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Македонија
  • Свет

Македонско запросување во Германија, Методија ја побара Наталија среде Лајпциг за жена!

Димитар Петковски 16/05/2026 09:49
robot-sah
  • Живот
  • Технологија

Руски научници конструираа робот шахист со вештачка интелигенција

Шеталиште 23/04/2026 13:46
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани