КС Групацијата денес официјално ги додели стипендиите за поддршка на младите во образованието

0
Споделивања

Денеска во прекрасниот амбиент на ресторанот Голд Фелициа во Битола, директорите на КС Групација, претставници на Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, КС Сервис, Агроброд, Премиум Сејфти Солушн и 77битс во соработка со локалните образовни институции ги потпишаа договорите за стипендирање и практиканство со учениците од средното училиште СОЕУ „Јане Сандански“ , како и студенти од Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии од Битола и Меѓународниот Славјанскиот Универзитет.

Овие партнерства со локалните образовни институции означуваат моќна соработка помеѓу бизнис секторот и идните лидери на Битола.

Договорите вклучуваат стипендии кои обезбедуваат финансиска помош за студентите, додека програмите за практиканство се дизајнирани да обезбедат искуство и менторство со што овие иницијативи колективно поттикнуваат средина на академска извонредност и личен раст.

На свеченото доделување свое обраќање имаше продеканот на Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии Проф. Др. Божидар Миленковски.

-Поздрав до КС Групацијата која ги овозможи стипендиите за студенти од Информатички Комуникациски Технологии и од тој колектив сум и јас.
Честитки до студентите да бидат мотивирани да ги оправдаат овие стипендии, а тоа ќе го направат доколку покажат добри резултати во текот на студирањето.- истакна продеканот Д-р Божидар од УКЛО.

Покрај формалните договори, настанот беше исполнет со забава и ентузијазмот на сите вклучени во негувањето на соништата и аспирациите на младите.

Средното економско училиште нуди можности за учениците.
– Чест и задоволство е да се присуствува на еден ваков настан кога нашите ученици од средното економско училиште се активно вклучени да учествуваат во КС Групацијата и да ја добијат оваа вредна награда.
Нашето училиште е стручно кое нуди можности спремни да излезат во процесот на пазарот на трудот и активно да се вклучат, но тука е и Универзитетот кој дава целосна поддршка да можат да го продолжат своето образование и ние како Општина да ги искористиме како кадри кои ќе ни помагаат. – истакна в.д директорката на Средното Oпштинско Eкономско Училиште „Јане Сандански“ – Билјана Јанкуловска.

Иницијативата за стипендирање на студенти во Пелагонискиот регион.

– Ви благодарам за соработката и поддршката која ни ја дадовте, би сакала да се обратам до корисниците на стипендиите.
КС Групацијата е започната со околу 20 луѓе кои се моментално присутни денес и сите ние сме биле студенти од нашите факултети и средни училишта. Нашата групација во моментот на основање броеше околу 100 вработени лица за денес да стигнеме до 1500 вработени и да работиме во 10 различни сектори.
Сите ние сме имале понуди да заминеме во странство, но сме одлучиле да останеме тука и да продолжеме да го остваруваме она што нашите родители ги започнале. Токму и од тука е и иницијативата да започнеме со стипендирање на студенти во овој Пелагонискиот регион и да им покажеме на сите нови идни кадри дека работата од соништата е токму тука. – изјави Марина Милошевска комерцијален директор на КС Групацијата.

Идните стипендисти на КС Групацијата се: Петар Митревски студент во прва година на факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, Валентин Стојановски студент во втора година на факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, Марко Зајков ученик во прва година во средното економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“, Анастасија Велевска од Факултетот за Економија- смер финасии и банакрство од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет и Ана Марија Крстевска од Факултетот за Економија -смер менаџмент и претприемништво од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет.

КС Групацијата како општествена компанија го отвора патот за повеќе иницијативи кои ги поддржуваат младите и образованието во Пелагонискиот регион.
Тоа е одличен пример за тоа како корпоративниот сектор и образовните институции можат да ги здружат силите за да имаат позитивно влијание врз животите на следната генерација.

0
Споделивања
Exit mobile version