Во рамките на проектот „Дали сте подготвени за Пелистер“ изработен е Каталогот на помалку познати атракции на Пелистер

0
Споделивања

Овој каталог претставува интегрирана туристичка понуда која обединува сместувачки капацитети, атракции, настани, како и локални производители на храна и пијалаци.

Преку внимателно спроведени информативни средби и детални истражувања, каталогот ги обединува најрелевантните информации на едно место, нудејќи веродостојна слика за туристичката понуда на оваа десинација.

Каталогот нуди опис, корисни информации и контакти за сите заинтересирани кои сакаат да ја истражат и доживеат дестинацијата Пелистер.

Каталогот е структуриран во три дела:

Сместувачки капацитети
Традиционално производство
Outdoor атракции
Овој каталог е важен чекор во мапирањето и промоцијата на атракциите, локалните производители и туристичките услуги во селата под Пелистер. Има потенцијал да се проширува и надополнува, обезбедувајќи уште поголема видливост на туристичката понуда на оваа уникатна дестинација.

Каталогот е изработен во рамките на проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? на Фондацијата ПРЕДА Плус и се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ) и имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

0
Споделивања
Exit mobile version