Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава

Култниот метал-бенд AMORPHIS со концерт во Скопје

admin 17/05/2023 00:00
Screenshot_20230517_211956_Messenger

Култниот фински метал бенд AMORPHIS пристигнува во Скопје во склоп на актуелната европска турнеја со која го промовира својот најнов албум „Halo“! Во организација на Password Production и како дел од јубилејниот 25-ти „Таксират“, на 2 ноември во Младинскиот Културен Центар, AMORPHIS ќе одржат концерт на кој како специјален гостин ќе настапи исландската метал-институција SÓLSTAFIR, и модерните фински металци LOST SOCIETY како предгрупа.

Триесет и една година по нивното создавање, со безброј глобални турнеи зад себе и четиринаесет албуми во својот творечки опус, AMORPHIS докажуваат дека тие сѐ уште се музичкиот извор на вечната младост, извонреден бенд кој постојано го надградува својот израз без да ги напушти мистичните корени. Рок и метал музиката секогаш била прибежиште за оние кои имаат да раскажат поголеми приказни, кои имаат да изразат поголеми емоции, таква е и за AMORPHIS кои преку неа на најдобар начин создаваат свој уникатен музички белег со искрени, агресивни, но и меланхолични мелодии.

Албумот „Halo“, кој се пласираше на прво место на финската и трето место на германската листа на албуми е извонредно студиско издание со кое финците Amorphis го зацврстуваат својот статус на пионери на сцената како еден од најоригиналните, културолошки најрелевантните и најнаградувани бендови што некогаш се појавиле од земјата со илјада езера. Со „Halo“, тие испорачаа неверојатен албум кој заслужува да се свири секаде и кој со својата огромна длабочина и музикалност ја трансцендира сферата на метал и рок музиката. Во тој контекст и гитаристот на AMORPHIS, Еса Холопајнен ја најави турнејата која го претставува ова издание, изјавувајќи: „Со задоволство најавуваме дека започнуваме со втората фаза на европската турнеја на Amorphis ‘Halo’ која започнува од октомври. Овој пат покриваме земји и градови каде што не беше возможно да одиме минатата година. Програмата на турнејата е апсолутно одлична. Со нас ќе бидат нашите пријатели од Исланд Sólstafir и нашите земјаци Lost Society. Се надеваме да ги видиме повторно нашите омилени фанови низ Европа.”

По легендарниот настап во далечната 2002 година на главната вечер на „Таксират“, AMORPHIS повторно се враќаат пред македонската публика. Нивното гостување и овој пат е во склоп на Фестивалот „Таксират“ кој годинава го одбележува своето јубилејно 25-то издание со голем број музички настани, па во славеничката програма најзаслужено се запишуваат Amorphis кои сега ќе ги видиме со нов материјал и со самостоен концерт на кој нема сомнеж дека метал ветераните ќе ни приредат незаборавна вечер!

Билетите за концертот ќе бидат достапни во продажба од 19 мај, петок од 10 часот, онлајн и во продажната мрежа на „МкТикетс“ по промотивна цена од 1000 денари која важи само за првите сто билети.

Continue Reading

Претходно: Претреси на 27 локации, приведени 15 лица, сузбиени три организирани криминални групи инволвирани во недозволена трговија со дрога и оружје
Следно: Времето денеска: Облачно, во петок и сабота сончево и топло

Поврзани вести

TOM_7726
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.06.2026)

Шеталиште 06/06/2026 15:08
naslovna-30.05-2
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (30.05.2026)

Шеталиште 30/05/2026 16:23
IMG_6874
  • Забава
  • Шоубиз

„Не мораш да бидеш совршен за да бидеш сакан“ – Наташа Малинкова со моќна порака во новата песна „Vrati me u život“

Шеталиште 29/05/2026 08:05
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани