Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Лебот поскапува во септември – еве колку ќе чини една векна

admin 21/08/2023 00:00
leb.jpg

Ако не се одважи државата и не го одврзе ќесето кое го чува за „црни денови“, тогаш пекарниците ќе бидат принудени да го поскапат лебот заклучно со септември годинава.

Новите високи цени на пченицата на светските берзи, особено по излегувањето на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, практично ги притискаат пекарниците да ги променат цените на лебот.

Од пекарската индустрија бараат државата да ги заштити граѓаните од нови поскапувања со тоа што ќе го помогне бизнисот преку субвенции.

Членови на Пекарската занаетчиска комора за Денар брифираат дека лебот во септември би можел да поскапе и за 15 проценти. Тоа значи дека белиот леб што сега го купуваме за 35 денари, наскоро ќе се продава за околу 40 денари.

-Не сме ние виновни за поскапувањето, бидејќи зависиме од цените на берзите. А тие, во последно време, воопшто не ни одат во наша полза. Со потегот на Русија да го напушти Договорот за извоз на украинско жито, цените на берзите скокнаа за 10 до 15 проценти. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но секој производител ќе може да си одлучи дали да ги покачи цените или ќе ги продава производите по исти цени – велат нашите соговорници.

На оваа тема неодамна разговаравме и со сопственик на познат ланец на пекарници во Скопје, а и тој исто така потврдува дека има најави за ново поскапување на брашното и на пченицата, а со тоа и на готовите производи.

-Се зборува дека ќе се зголеми цената на брашното и дека наскоро ќе мора да увезуваме брашно од други земји, наместо од Украина. Тоа дефинитивно ќе значи повисока цена на лебот и на белите печива. Не би знаеле кога точно би се случило поскапувањето, но ние сме принудени да се прилагодиме и да ги зголемиме цените на производите – изјави сопственикот кој сакаше да остане анонимен.

Од друга страна, од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека иако во однос на претходниот месец има мало намалување на вредноста на потрошувачката кошница во јуни, трошоците за храна и пијалаци се зголемени.

Според најавите, повисоки цени од следниот месец ќе имаат и околу 1.000 производи кои државата ги смета за луксуз. Кои се тие – сè уште не се открива.

Но, министерот за економија Крешник Бектеши вети дека ако има потреба власта со нов пакет мерки ќе им помогне на граѓаните.

Continue Reading

Претходно: СЗО: Внимателно ја следиме новата варијанта на вирусот Ковид
Следно: Полицијата во Прилеп откри нов „рекордер“ со 4,55 промили алкохол кој управувал автомобил

Поврзани вести

2345432
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер ја победи Македонија Ѓорче Петров во Битола (Видео)

Димитар Петковски 18/04/2026 15:40
07_spirovski-stefan_pelister-1536x1081
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тренерот на ФК Пелистер: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

Димитар Петковски 18/04/2026 11:48
454234524
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Регион
  • Спорт
  • Фудбал

Претседателот на УЕФА, во Македонија се сретна со претседателот на ФФМ и премиерот на Македонија за крај доби шарпланинец од ФФМ (Видео)

Димитар Петковски 18/04/2026 07:14
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер ја победи Македонија Ѓорче Петров во Битола (Видео) 2345432 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер ја победи Македонија Ѓорче Петров во Битола (Видео)

18/04/2026 15:40
Тренерот на ФК Пелистер: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода 07_spirovski-stefan_pelister-1536x1081 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тренерот на ФК Пелистер: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

18/04/2026 11:48
Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија Screenshot 2026-04-18 112601 3
  • Свет

Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

18/04/2026 10:43
Николоски: Македонските аеродроми лидери во регионот – Скопскиот бележи раст од 32% во однос на лани Aerodrom-skopje 4
  • Македонија

Николоски: Македонските аеродроми лидери во регионот – Скопскиот бележи раст од 32% во однос на лани

18/04/2026 08:24
Времето денеска сончево со силен ветер, од понеделник пресврт soncevo 5
  • Македонија

Времето денеска сончево со силен ветер, од понеделник пресврт

18/04/2026 08:22

Можеби сте пропуштиле

SS5_9965
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.04.2026)

Шеталиште 18/04/2026 15:55
2345432
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер ја победи Македонија Ѓорче Петров во Битола (Видео)

Димитар Петковски 18/04/2026 15:40
9
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.04.2026)

Шеталиште 18/04/2026 15:20
07_spirovski-stefan_pelister-1536x1081
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тренерот на ФК Пелистер: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

Димитар Петковски 18/04/2026 11:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани