Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Се празнува Преподобен Антониј Велики

admin 30/01/2023 00:00
antonij-veliki-1

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.

Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија. Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението.

За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики.

Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите.

Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.

Тропар
Подражувајќи ја со твојот живот ревноста на Илија, и правиот пат на Крстителот следејќи го, оче Антоние, ти беше жител на пустината, и со твоите молитви ја утврди вселената. Затоа моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак
Откако го отфрли животниот метеж, животот го заврши во тихување (безмолвие), најпреподобен Антоние, кој го подражаваше Крстителот на сите начини. Затоа те почитуваме заедно со него, началнику на отците.

Continue Reading

Претходно: Официјално: Ѓоковиќ повторно е најдобар во светот
Следно: Дневен хороскоп (30.01.2023)

Поврзани вести

1771853856527-2302-берокал-1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Селекторот Берокал го објави поширокиот список на кандидати за настап во јулскиот ФИБА „прозорец“

Димитар Петковски 05/06/2026 21:49
ffm-zgrada-2-1536x1091
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена!

Димитар Петковски 05/06/2026 16:32
Screenshot_20260605_142359_Gallery
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото)

Димитар Петковски 05/06/2026 11:54
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Селекторот Берокал го објави поширокиот список на кандидати за настап во јулскиот ФИБА „прозорец“ 1771853856527-2302-берокал-1 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Селекторот Берокал го објави поширокиот список на кандидати за настап во јулскиот ФИБА „прозорец“

05/06/2026 21:49
Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена! ffm-zgrada-2-1536x1091 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена!

05/06/2026 16:32
Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото) Screenshot_20260605_142359_Gallery 3
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото)

05/06/2026 11:54
Конференција „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“ stopanska-komora 4
  • Вести
  • Македонија

Конференција „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“

05/06/2026 06:26
Собранието домаќин на 23. КОСАП конференцијата во Струга посветена на европските интеграции и регионалната соработка Struga 5
  • Вести
  • Македонија

Собранието домаќин на 23. КОСАП конференцијата во Струга посветена на европските интеграции и регионалната соработка

05/06/2026 06:24

Можеби сте пропуштиле

1771853856527-2302-берокал-1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Селекторот Берокал го објави поширокиот список на кандидати за настап во јулскиот ФИБА „прозорец“

Димитар Петковски 05/06/2026 21:49
ffm-zgrada-2-1536x1091
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена!

Димитар Петковски 05/06/2026 16:32
Screenshot_20260605_142359_Gallery
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото)

Димитар Петковски 05/06/2026 11:54
Andoni-Iraola
  • Спорт
  • Фудбал

Ираола и официјално нов менаџер на Ливерпул

Шеталиште 05/06/2026 06:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани