Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Автомобили
  • Живот

Што значат имињата на најпознатите модели на автомобили во светот

admin 20/03/2023 00:00
kola-3

Денеска во светот постојат илјадници марки и модели на автомобили. Сигурно некои од вас некогаш сте се запрашале што всушност некои од тие имиња на марки на автомобили значат, и како го добиле името? Произведувачите на автомобили ги именуваат своите автомобили на начин што тие сметаат дека ќе му даде свој печат или белег на автомобилот, по што истиот би бил секаде препознатлив.

Во продолжение ќе ви претставиме имиња на некои од најпознатите марки и модели на автомобили во светот со појаснување што тие значат и како го добиле името.

Vestiplus.mk

+АвтоЦентарБИЗНИСТОП ВЕСТИ
Што значат имињата на најпознатите модели на автомобили во светот
Создадено од: Vesti +20/03/2023 10:13
СПОДЕЛИ
Денеска во светот постојат илјадници марки и модели на автомобили. Сигурно некои од вас некогаш сте се запрашале што всушност некои од тие имиња на марки на автомобили значат, и како го добиле името? Произведувачите на автомобили ги именуваат своите автомобили на начин што тие сметаат дека ќе му даде свој печат или белег на автомобилот, по што истиот би бил секаде препознатлив.

Во продолжение ќе ви претставиме имиња на некои од најпознатите марки и модели на автомобили во светот со појаснување што тие значат и како го добиле името.

Volkswagen
Volkswagen Golf & Volkswagen Polo

Една од најраспространетите марки на автомобили ширум светот е Volkswagen Golf. Сигурни сме дека сте помислиле дека името на овој автомобил е според спортот голф. Но, всушност не е така. Интересен е фактот што ниту Volkswagen Golf, ниту Polo не се именуваме според истоимените спортови, туку верувале и или не според одредени ветрови или струи. Па така, Golf е именуван според Голфската струја, а Polo, според поларните ветрови.

Passat

Слично како и имињата на моделите Golf и Polo, така и овој модел на Volkswagen името го добил по постојаните ветрови наречени Пасати.

Tоuareg

Дизајнерот на овој модел бил инспириран од Туарезите, главните жители во внатрешноста на Сахара.

Eos

Името на овој модел потекнува од Грчката митологија каде Еос е име на грчката божица на зората.

Porsche Cayenne
Именуван по еден вид на чили пиперка (piquant cayenne pepper), со лансирањето на Cayenne, Porsche го зачини пазарот на теренски возила. Храбро име е избрано за овој модел на Porsche.

Ford
Оваа компанија за автомобили често користи англиски ознаки при именувањето на своите модели и не користи некои невообичаени термини.

Ford Fiesta

Овој модел е именуван во чест на новата фабрика која Ford ја отворил во Шпанија. Поради тоа името на овој модел потекнува од шпанскиот збор fiesta што значи забава.

Ford Mustang

Интересен е фактот што иако многумина мислат дека името на овој модел потекнува од расата на коњи кои живеат во западниот дел на САД, сепак Ford тврди дека дизајнерот го избрал името според борбениот авион Mustang кој бил користен за време на Втората светска војна.

Ford Mondeo

Овој модел на Ford пак го добива своето име според латинскиот збор mundus што во превод би значело свет.

Toyota
Во продолжение ќе ви претставиме некои од моделите на Toyota и според тоа како се именувани, односно од каде инспирацијата баш за такви имиња на нивните модели на автомобили.

Toyota Corolla

Името на овој модел на Toyota всушност е термин кој се користи за да се опишат ливчињата на едно цвеќе кои формираат прстен околу внатрешниот дел на цветот. Целта на ова име е да претставува еден впечатлив, елегантен и пред се, компактен дизајн на автомобилот.

Toyota RAV4

Името RAV4 се всушност првите букви од англискиот термин за рекреативно возило Recreational Activity Vehicle, додека четворката се однесува на тоа што овој модел на Тојота има погон на четири тркала.

Toyota Yaris

Уште еден модел на автомобил именуван според Грчката митологија. Во овој случај името потекнува од грчкиот збор Charis кој укажува на една од божиците на убавината и елегантноста, и германскиот збор Ya што значи “да”.

Hyundai
Зборот Hyundai има корејско потекло и преведено значи модерност. Познато е дека Hyundai своите SUV модели на автомобили ги именува според одредени локации во Америка.

Hyundai Kona

Овој модел на Hyundai е именуван според областа Кона на Хаваи.

Hyundai Santa Fe

Hyundai Santa Fe го именува овој модел на автомобил според главниот град на Ново Мексико, Санта Фе. Од компанијата кажуваат дека токму со името на овој модел сакале да ја претстават можноста која овој модел ја нуди за авантура на отворено.

Hyundai Тусон

Овој модел на Hyundai е именуван според градот Tucson во Аризона, САД.

Се надеваме дека успеавме да ви ги разјасниме прашањата за имињата и за тоа како се добиени за некои од по познатите марки на автомобили, како кај нас така и во светот. Навистина е интересно да се знае како креаторите на овие прекрасни автомобили ги именувале своите дела, каде ја црпеле инспирацијата и што сакале да постигнат со изборот на такво име за автомобил.

Continue Reading

Претходно: Пораст на златото поради финансиската нестабилност и инфлацијата
Следно: Приведени тројца крадци во Битола, расчистени пет кривични дела

Поврзани вести

Elektricen avtomobil
  • Автомобили

Германците масовно преоѓаат на електричен автомобил по конфликтот на Средниот Исток

Шеталиште 13/08/2026 09:37
Man sleeping in the comfortable bed
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
tesla-store-wikimedia-696x385
  • Автомобили

Продажбата на автомобили на „Тесла“ од фабриката во Кина продолжи да расте осми месец по ред

Шеталиште 03/07/2026 08:49
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани