Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Јасмина Атанасова: Ова не е љубовен роман – ова е книга за храброста да бидеш среќен

admin 31/10/2023 00:00
received_166781439845376

Една необична промоција на книга се случи неодамна во Битола. Јасмина Атанасова, синоним за интелектуалниот шарм на Битола, го претстави своето прво книжевно патување „Кога ќе стивне прашината“ пред публиката која е поврзана со нејзниот живот, семејството и пријателите.

Настанот покажа, како изгледа да се ослободи една промоција на книга од границите на конвенционалното. Како спонтано да се ужива во пишуваниот збор, будејќи емоции и длабока рефлексија. Тоа беше уметнички спој, каде размислите на авторката разговараа со минатото и сегашноста, а воздухот беше густ од исчекување, не за приказните на страниците, туку за приказната на самата Јасмина – наратив што изникна од прашината на соништата долго време задржани во едно тивко мирување.

Со своите корени закотвени во плодната почва на начитаност и љубов кон книгите од мали нозе, благодарјеќи на нејзините родители, Јасмина која по професија е фармацевт и професор во Медицинското училиште „Др Јован Калаузи во Битола„, долго време беше тивок чувар на приказните, додека тишината на пандемијата не го разбуди писателот во неа. Таа под менторство на Школата за креативно пишување, ги насочи своите мисли, ги обликуваше своите наративи и се појави не само со книга, туку и со сведоштво за верувањето дека никогаш не е доцна да се прифати предизвикот да бидеш среќен.

Промотор на романот беше Дарко Лешоски – уметник чија сопствена креативност ги опфаќа живописните сфери на поезијата, прозата и визуелниот раскош. Тој го со својот глас, направи спојување на вечерта со зборови и искрени…и поетски.

„Откако ја дочитав книгата, не сакам ниту сега да сокријам дека и сега ми се насолзуваат очите кога ќе ми текне дека само жена може да проживее таков физички и психички хорор и да се истушира и излезе надвор со насмевка, да се соочи со денот и да рече: Јас сум она што можам да бидам и сакам да бидам, а не она што ми се случи пред малку. Тој тесен простор помеѓу нечија повреда кон нас и нашата реакција кон таа повреда кој најчесто ни е тесен и клаустрофобичен, а кај Јасмина е њујоршки пентхаус од дваесет милиони долари. Целата психа на тацна каде полека и спокојно се шетате низ ходниците на свеста на главниот лик во романот, Гала. Ви се случува пред очи приказната. Ја гледате. Сте виделе можеби нешто слично. Сте слушнале можеби нешто слично. Ама сега го чувствувате во себе – скоро како на своја кожа. Кинењето на деловите на личноста и пукањето по шавови не се случува наеднаш ами постепено, Јасмина ве води за рака и вие можеби насетувате ама како што вели таа: Ќе ти се случи – ќе видиш! Јас бев тоа , но не значи дека така треба да продолжам да бидам. Јас сум тоа но не значи дека ќе бидам и утре тоа, ако тоа мене ме венее„ – зборуваше Дарко Лешоски за неговото искуство додека ја читал книгата.

Љубовта во „Кога ќе стивне прашината“ е подеднакво потребна како и воздухот, а на моменти и повеќе од тоа. Но, сепак ова не е љубовен роман.

„Секој сака да биде себеси само ретко кој може да е, зошто треба да се подреди на тато, на мама, на децата, на што ќе речат, на што ќе си речам сам или сама ако не успеам – ама ретко кој има сила да биде себеси навистина. Јасмина храбро ама и кршливо ја опишува таа битка. Сечија животна среќа па и животен век се продолжува правопропорционално на неговата храброст. Храброст е да се биде среќен„ – заклучува Лешоски.

Романот „Кога ќе стивне прашината“ од Јасмина Атанасова е зрело прозно писмо,
за кое тешко може да се погоди дека е дебитантски роман.
Пишуван во прво лице, од страна на жена-наратор, која истовремено е и лик во својата приказна.

„Атанасова пишува за жената со големо „Ж“, постојано поставена пред борби, предизвици и секојдневни саможртви на општествениот жртвеник, која постојано наоѓа сила од некој таинствен извор за повторно да застане на нозе и да му се спротивстави на закоравените табуа и клишетизираните форми на живеењето„ – изјави на промоцијата д-р Славица Гаџова Свидерска од издавачката куќа Восток, која застана позади првиот роман на Јасмина Атанасовска.

Промоцијата на „Кога ќе стивне прашината“ не беше само настан, тоа беше изјава – објава дека животот, со сите негови текови, сè уште се поклонува на истрајноста на човечкиот дух. Таму застана Јасмина Атанасова, не само како автор, туку како светилник на надеж за секој латентен сон што ја чека својата зора.

Книгата, експресно се распродаде уште со првиот тираж, по што следуваше следен, а во тек на месец ноември, истата ќе биде промовирана во Скопје. Настанот е закажан за 16 ноември, во 19.00ч во Аудиокултура.

Ова е знак дека прашината околу првиот роман на Јасмина Атанасова нема да стивне и промоцијата во Битола не значеше дека книгата го дочека светлото на денот, туку на брилијантен почеток кој му шепоти на секој сонувач: осмели се да сонуваш, осмели се да пишуваш и осмели се да бидеш.

Continue Reading

Претходно: Народна банка информира: Нема провизија за затворање на платежни сметки или дебитни/кредитни картички
Следно: ЦУК: Вчера изгаснати четири пожари на отворено, активен пожарот во општина Дебар

Поврзани вести

Screenshot_20251208_122113_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

Димитар Петковски 08/12/2025 11:23
Sv. Kliment
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Шеталиште 08/12/2025 08:29
Sv. Kliment Ohridski
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Шеталиште 08/12/2025 08:27
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот Screenshot_20251208_122113_Facebook 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

08/12/2025 11:23
Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ Sv. Kliment 2
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

08/12/2025 08:29
Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род Sv. Kliment Ohridski 3
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

08/12/2025 08:27
КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео) kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006 4
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

06/12/2025 11:07
Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата Screenshot_20251205_195904_Mavex 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

05/12/2025 19:37

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20251208_122113_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

Димитар Петковски 08/12/2025 11:23
Sv. Kliment
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Шеталиште 08/12/2025 08:29
Sv. Kliment Ohridski
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Шеталиште 08/12/2025 08:27
IVONA KOCHOV
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.12.2025)

Шеталиште 06/12/2025 18:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани