Автомобил излета од пат во битолско, повреден возачот

0
Споделивања

На 08.01.2023 во 21.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Маково, кон с.Новаци, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т,(27) од с.Долно Оризари, битолско, излетало од коловозот, информира МВР.

Во несреќата, А.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

0
Споделивања
Exit mobile version