Македонија

Голд Фелициа ја претстави својата програма за стипендирање на отворениот ден на Укло и Пријателите на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид

Во петокот на 10ти мај Голд Фелициа беше дел од Отворениот ден на Укло и Пријателите кој се одржа на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид. На настанот беа присутни вработени од секторите маркетинг и човечки ресурси од КС Групација како и вработени од комплексот Голд Фелициа.     

На својот штанд вработените ги претставија можностите за стипендирање, практиканство и вработување во компанијата Голд Фелициа. Присуството на настанот се искористи за активно да се претстави програмата за стипендирање на КС Групација која е одлична можност за сите студенти од Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола како и за сите средношколци од Битола кои имаат амбиции да го продолжат своето школување на еден од факултетите на Укло.

Студентите од Факултетот за Туризам и Угостителство се особено важни за нас како компанија бидејќи токму овој факултет едуцира кадри кои и се потребни на нашата компанија односно на комплексот Голд Фелициа. КС

Групација ќе продолжи со промоција на својата програма за стипендирање на средношколци и студенти бидејќи поддршката на младите е една од главните цели на концептот за општествена одговорност на сите компании кои се дел од самата групација.

За повеќе информации во однос на програмата за стипендирање на КС Групација посетете ја веб страната за стипендии на следниов линк: https://klubsport77.mk/stipendii

Поврзани новости