На 17 Јули Голд Фелициа го прослави својот втор роденден со спектакуларна забава која создаде незаборавно искуство за сите присутни.
Забавата продолжи со настапот на Група Фонтана и специјалните гости Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Бојан Стојков и Полина Тасева кои ги поведоа гостите на несекојдневно музичко патување посветувајќи ја вечерта на доајените на македонската народна музика Пепи Бафтировски и Јонче Христовски.