Се подвизуваше во т.н. Ветха (т.е. стара) Пештера или Лавра, на свети Харитон Велики во Палестина. Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го возљуби Христа, од младоста почна да патува по светите места и да ги слуша поуките и советите на светите луѓе. Најпосле се насели во Харитоновата пештера, каде што се предаде на строг подвиг минувајќи ги деновите и годините во пост, молитва и бдеење, непрестајно размислувајќи за смртта и учејќи се на смирение. Смртта го најде како добро созреан плод и го пресели во Рајот. Поживеа и се упокои во 8 век.
Денеска се празнува Преподобен Јован Ветхопештерник
- Тагови vesti денеска се празнува
Leave a Comment
Поврзани
-
Денеска е Велики петок – најтешкиот ден во годината
Од Setaliste пред 3 дена -
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
Од Setaliste пред 3 дена -
Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила
Од Setaliste пред 4 дена -
Повелете на празнично Кабаре Шоу само во Голд Фелициа Битола
Од Setaliste пред 4 дена -
Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“
Од Setaliste пред 4 дена -
ЦУК: На Водно вчера се изгубило едно лице, било пронајдено за околу еден час
Од Setaliste пред 4 дена