Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.
- Дома
- Вести
- Македонија
- Денеска се празнува Светата маченичка Агрипина
Денеска се празнува Светата маченичка Агрипина
-
Од Setaliste
Leave a Comment
Поврзани
-
Палевски ја поминал мирно првата ноќ во „Шутка“, не се жалел на здравствени проблеми
Од Setaliste пред 20 часа -
Се празнува Св. маченици Тимотеј и Мавра
Од Setaliste пред 23 часа -
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Од Setaliste пред 23 часа -
Нестабилното време ќе продолжи, еве ја временската прогноза за следните седум дена
Од Setaliste пред 2 дена -
Матура ќе се полага во училници, на факултети, сали за физичко и по холовите на училиштата
Од Setaliste пред 2 дена -
Денес се празнува Св. Атанасиј летен
Од Setaliste пред 2 дена