Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му, откако го роди, и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но, Промислителот Бог го испрати Својот Ангел кај некоја благородна вдовица Ама, на којашто Ангелот ѝ се јави во сон и ѝ рече да отиде во затворот и да го земе детето кај себе. Ама измоли дозвола од градоначалникот да ги закопа умрените, а детето го зеде во својот дом. Почна да зборува дури кога наполни пет години и првиот збор му беше „мама“. Заради ова и го доби името Мамант. На училиште, Мамант покажа необична бистрина, а бидејќи од дома беше воспитан во христијански дух, не ја криеше својата вера, туку ја исповедаше пред врсниците исмевајќи ги идолите. Во времето на царот Аврелијан имаше жестоко гонење на христијаните. Незнабошците не ги штедеа ниту христијанските деца. Мамант имаше петнаесет години кога беше изведен пред царот. Царот му рече барем на збор да се одрече од Христа, на што Мамант му одговори: „Ниту во срцето ниту со устата нема да се одречам од мојот Бог и Цар Исус Христос.“ Царот нареди, та го биеја, го гореа со свеќи и најпосле го фрлија в море. Но, Ангел Божји го спаси и го одведе на висока гора, близу до Кесарија. Овде тој живееше во самотија и во молитва. Од неговата светост се припитомуваа дивите ѕверови. Најпосле, и тука беше пронајден од гонителите и повторно подложен на маки. Откако ја победи силата на огнот и на дивите ѕверови, го прободоа со трозабецот на некој идолски жрец. Така Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому Му остана верен во сите маки. Од неговите мошти се случија многубројни исцелувања на болни.
- Дома
- Вести
- Македонија
- Денеска се празнува Светиот маченик Мамант
Денеска се празнува Светиот маченик Мамант
-
Од Setaliste
Leave a Comment
Поврзани
-
Одрони на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица
Од Setaliste пред 4 часа -
Променливо облачно и посвежо
Од Setaliste пред 12 часа -
Прв петок по Велигден е голем и лековит празник: За многу години името на Живко и Живка
Од Setaliste пред 12 часа -
Од вчера вратени старите цени за осигурување од автоодговорност
Од Setaliste пред 12 часа -
Голд Фелициа ве кани на незаборавно Кабаре Шоу
Од Setaliste пред 2 дена -
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
Од Setaliste пред 2 дена