Македонија

ДСЗИ ќе иницира формирање на Комисија за стручен надзор за бебето од битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на Комисија за стручен надзор до министерството за здравство, со цел да се утврди дали има пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденчето од Битола, кое почина 30 часа по породувањето.

ДСЗИ констатирало дека новороденчето било со ослабен тонус, ослабени рефлекси и срцева слабост. Веднаш бил извршен транспорт со медицинско возило на новороденчето, но неговата состојба дополнително се влошила и на 15 јуни тоа починало.

Поврзани новости